Автор Тема: Возило до 3500е  (Прочитано 4062 пати)

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #15 на: 07 Декември 2018, 09:23:05 am »
Renault Scenic 2005 1.5 dci со 6 брзини и фина опрема? Се мислам да го давам уште немам формирано цена, ако си заинтересиран пиши пп.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #16 на: 07 Декември 2018, 12:02:49 pm »
Заинтересиран сум да, пиши ми повеќе за возилото, регистрацоја до кога, карактерестики и слики.
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #17 на: 07 Декември 2018, 15:58:50 pm »
Колата е моментално у жена ми, покасно или утре ќе ја сликнам.

Регистрирана до 02.2019, негде околу 200.000 има поминато(на шал табла) према сервисна книшка би требало да се реални. Ја сум втор газда во Македонија, претходно од Швајцарија била увезена(2012) за свои потреби.
Голем сервис направен пред 15.000 км(кога ја земав) мал треба за некој месец. Нови летни Firestone Roadhawk 205/60 R16 доби пред 9 месеци. Пред 6 месеци средено е подвозјето и летвата, на почеток на зимава доби нови греачи и сензор на радилица. Поновиот мотор е т.е. 1.5 78kw со шест брзини.

Опрема најфул уникат :) Се шалам, сребрена металик боја - Exception модел  а побитни работи се:
- Климатроник
- Автоматски електрични прозори х4
- Електронски преклопливи ретровизори (десниот зеза на преклопување нешто)
- Автоматски светла
- Сензор за дожд, самозатемнувачки ретровизор
- Круз контрол/лимитер за во град
- Команди на волан + кожен волан/менувач(мали знаци на истрошеност)
- Фабричко радио со обични цедиња
- Црн полукожен ентериер во скоро совршена состојба(возачкото седиште од лева страна малце е распукана кожата, совозачкото има дупка од цигара од претходно)
- Панорамски кров функционален (сменет контролерот пред година дена)
- 16" оригинални алуминиумски бандажи

Се си функционира од опремата како што треба освен наведените забелешки.

Проблеми/маани:
- Пола дисплеј го снема (радиото и температурата што ја прикажува). Се јавив на неколку места, наводно го репарирале но не ми звучеа баш сериозно. Најдов у Србија сервис што ги средува професионално меѓутоа уште не сум нашол време да го организирам.
- Од време на време знае да јави ерор ABS Fault иако си работи како што треба. Према дијагностика преден лев сензор зеза, мајсторот сумњаше у конекторот демек го среди али пак го јавува. Ко што видов околу 20еур е нов сензор.
- Лимариски иако е во доста солидна состојба сепак има ситни забелешки од кои како највоочливи би издвоил една голема гребаница на лева страна од љубоморни комшии како и набиено прагче од тротоар на десна предна страна.
- Две картици има, ама едната зеза нешто т.е. не заклучува/отклучува со нејзе.
« Последно менување: 07 Декември 2018, 16:23:20 pm negoznam »

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #18 на: 07 Декември 2018, 17:55:25 pm »
Фала ви на сите за понудите, купено е возило. Можи кључ. 😀
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #19 на: 07 Декември 2018, 18:49:20 pm »
Може ли да го видеме или неможе? 😁

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #20 на: 07 Декември 2018, 18:49:56 pm »
Најверојатно лагуната од Никола.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #21 на: 07 Декември 2018, 19:39:05 pm »
Најверојатно лагуната од Никола.
Њет :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #22 на: 07 Декември 2018, 20:21:48 pm »
Не му ја давам Лагуната него  :P Не е мојата, создравје да се вози што и да е.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Возило до 3500е
« Одговори #23 на: 08 Декември 2018, 01:56:00 am »
Сеат Кордоба со реткиот 1.9 тди мотор. Доволно простор за багаж, а доволно малечка за низ град. Слика немам темница ме фати 😀
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D