Среќна нова година форумџии
2000km поминав со Шкодата. Уживам и покрај ситни забелешки. Суспензија помека од мојата желба. Не пружа некое екстра чувство на стабилност. Погон 4х4 сеуште не дошол до израз, освен на стартови, меѓутоа тоа не е дел од секојдневна вожња. Менувачот врв. Мислам дека во тоа најмногу уживам. Не ми е јасен мануелниот мод. Демек мануелно ама не е баш мануелно, ако не направиш по негов ќеф, те игнорира, па затоа како таков незнам која му е намената односно потребата. Јас па уште дополнително шалтери на волан ставив. Моторот јак и по бројќи и во пракса. За оваа кола доволно. Заради автоматскиот менувач имам чуство како да возам атмосверец а не турбо. Субјективно чувство секако. Многу многу разлика во модовите за возење не осеќам. Има четири плус едно индивидуал. (Еко, нормал, конфрот и спорт). Само во спорт има разлика, другите џабе се. Многу корист гледам и во адаптивниот темпомат со чија помош возењето на автопат е прилично досадно.
Окулу потрошњата ви кажав дека не ме интересира баш многу но еве како податок за првите 2000км изнесува 10,2 l/100km. Исто така за пофалба се и кочниците кои што на мое изненадување имаат вентилирани дискови и позади. Ќе спомнам и за ретровизорите, ај што се мали се мали (има помош за мртов агол) ама преклопувањето смеа да те фати, само се преместува, ништо не добиваш практично. На крај сигурно ве интересира и цената. Вака како што е мојава со се попуст со се дополнителни работи е рамно 40 бона. Една испод просечна А4. За Алфа да не зборам...