Продавам двособен стан во Охрид во населба билјанини извори, зградата е изградена во 1974 година, станот е на втор спрат, дневната, трпезаријата и кујната се на југ, а спалната соба на север. Станот има станбена површина од 61 метар квадратен, тераса 4 метри квадратни и подрум 8 метри квадратни. Терасата е делумно преградена и се добиваат уште 2 квадрати станбен простор. Станот е реновиран пред 5 години, направено е следново:
-Сменета е струјата во целиот стан,
-Во ходникот е направен нов вграден плакар по мерка,
-Сменети се одводни и доводни цевки во купатило и кујна,
-Сменети се подни плочки на терасата, поставен е кнауф на таванот од терасата,
-Поставени се нови плочки во кујна (има плочки и позади елементите) и нови плочки во купатилото,
-Лакиран е паркетот,
-Променета е дограмата (појма немам колку коморна и други техникалии)
-Има клима инвертер самсунг.
Во станот би ги оставил кујната, вградениот плакар и климата. Од оштетувања има пукнат глет на зидовите од ланскиот земјотрес и раскрцкан е паркетот на неколку места.
Станот е во мирна населба, становите во зградата се претежно викенд секогаш имате паркинг, на локацијата ќе видите дека станот е во близина на тамаро, тинекс и кам маркет. Деновиве ќе надополнам со слики од спалната и терасата.
Цена 49.000 евра (може да се преговара лично по видување на станот)
Контакт на тел: 075 342 191 Деан, одговарам и на пораки овде и на вибер