Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1651047 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7206
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9615 на: 29 Декември 2025, 07:23:30 am »
На планински превои има знак задолжително да носиш ланци без разлика дали имаш зимски гуми така да и јас секогаш си имам ланци во гепек.

Ај ако сакаш поткрепи го со некои факти ова твоето погоре.


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9616 на: 29 Декември 2025, 19:45:14 pm »
Точно, затоа правилникот е јасен и прецизен што подразбира под зимска опрема.
Освен за џандарите ;D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7206
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9617 на: 30 Декември 2025, 07:08:00 am »
Ако имаш зимски гуми со 4+мм, синџири никој не можи да те натера да ставиш. Шо сака нека пиши џандарот нема да е во право.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9618 на: 11 Јануари 2026, 14:05:02 pm »
На планински превои има знак задолжително да носиш ланци без разлика дали имаш зимски гуми така да и јас секогаш си имам ланци во гепек.

Ај ако сакаш поткрепи го со некои факти ова твоето погоре.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Тазе сликано денес.



Често знае да стои полиција и ако немаш ланци да не пуштаат а не ретко и ако немаш 4х4 не дозволуваат нагоре. Но денес патот беше чист.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9619 на: 11 Јануари 2026, 17:31:12 pm »
Откако купив за i10 Барум Поларис 5 и се уверив дека се тивки и комфорни, и за Королата купив Барум Поларис 6
Морам да ја пофалам дека е исклучително тивка гумата.
Не е лоша и за на снег, тестирана низ Србија.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9620 на: 11 Јануари 2026, 18:04:01 pm »
На планински превои има знак задолжително да носиш ланци без разлика дали имаш зимски гуми така да и јас секогаш си имам ланци во гепек.

Ај ако сакаш поткрепи го со некои факти ова твоето погоре.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Тазе сликано денес.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Често знае да стои полиција и ако немаш ланци да не пуштаат а не ретко и ако немаш 4х4 не дозволуваат нагоре. Но денес патот беше чист.



Знакот означува поседување зимска опрема.
А зимската опрема е дефинирана во правилникот за задолжителна опрема каде што јасно е дефинирано што е зимска опрема, а тоа се зимски гуми или летни гуми ако носиш ланци.

Не го толкувај правилникот како типичен просечен полицаец :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9621 на: 11 Јануари 2026, 18:39:25 pm »
Мислев лесно разбирливо е но да преведам што пишува под знакот.
"Ве молиме паркирајте и поставете ланци"
Значи напишано на самиот знак.
И како што реков често ми се има случено да стои полиција и ако немаш ланци да не пушта нагоре кога патот не е исчистен. Еднаш со корсата на скопски табли ме сопреа и вика имаш ли 4х4 викам немам и не ме пушти да продолжам. И почнав јас тука да преговарам и на крајот со полицискиот џип ме качи до хижата. Сличен ако не и ист знак има и кога почнуваш да се качуваш накај границата со македонија.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15115
  • Пудингот на шоферството
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9622 на: 11 Јануари 2026, 18:49:46 pm »
Многу романтично. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9623 на: 11 Јануари 2026, 18:55:53 pm »
Романтично или не досега само позитивни искуства со бугарска полиција имам. Во случаи кога требало да добијам казна за сериозни прекршоци сум поминувал без казна.
Швабите тебе добро би ти го начукале во таква ситуација што сигурно под седиште си носиш вазелин. е тек тоа е романтика

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9624 на: 11 Јануари 2026, 19:03:55 pm »
Мислев лесно разбирливо е но да преведам што пишува под знакот.
"Ве молиме паркирајте и поставете ланци"
Значи напишано на самиот знак.
И како што реков често ми се има случено да стои полиција и ако немаш ланци да не пушта нагоре кога патот не е исчистен. Еднаш со корсата на скопски табли ме сопреа и вика имаш ли 4х4 викам немам и не ме пушти да продолжам. И почнав јас тука да преговарам и на крајот со полицискиот џип ме качи до хижата. Сличен ако не и ист знак има и кога почнуваш да се качуваш накај границата со македонија.

И Миладиновци-Штип автопатот има знак 60 и под него знак снег.

Додека е зима, треба 60 да возиме по тој автопат ?

Знакот таков каков што е е јасно дефиниран во Правилникот за Сообраќајни знаци како знак што означува поседување задолжителна зимска опрема.
Линк до тој правилник: https://dejure.mk/zakon/pravilnik-za-soobrakjajnite-znaci-oprema-i-signalizacija-na-patot-2

А во Правилникот за задолжителна опрема во возилата јасно во поддточки поеднично е дефинирано што е зимска опрема.
Линк до тој правилник: http://www.homologacija.com.mk/propisi/2010%20-%2031%20Pravilnik%20za%20zadolzitelna%20oprema%20vo%20voziloto.pdf

Второ, тој знак на тие превои е таму постојано, дали тоа значи и во лето може полицаец да те застане и казни бидејки има знак со ланци ?
И поседување зимска опрема е јасно дефинирана во Закон за безбедност во сообраќајот во точно пропишан период од 15 ноември до 15 март.

Затоа пак ти велам, паушално толкување на нешто кое е јасно дефинирано мислам дека нема потреба.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9625 на: 11 Јануари 2026, 19:11:42 pm »
Ама тука не е само знак со ланци туку одоздолу експлецитно е напишано дека треба да имаш ланци.
Денес не правеа проблем пример дури и со летни гуми да си пошто патот беше супер исчистен. Но имало случаи кога има повеќе врнежи и патот не е најдобар за возење и тогаш си стои полиција и врши контрола што е многу коректно пред некој камиказа да тргне и да изблокира све.
Значи кога не се таму се е дозволено ама кога вршат контрола ти бараат ланци и тоа е тоа. Ако се обидеш да им кажеш како е законот само ќе треба да си ја свртиш колата и да си заминеш сигурно нема да продолжиш понатаму затоа што во законот пишувало нешто...

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9626 на: 11 Јануари 2026, 19:20:58 pm »
Види, тоа што полицаецот ќе ти се запне, не значи дека е исправно.

Да и јас носам ланци во гепек, ама не затоа што немам доволно IQ да разберам што е пропишана зимска опрема, туку да не се расправам со некој кој нема доволно IQ да знае што е пропишана зимска опрема, а е на функција за која итекако треба да знае што е зимска опрема.

Пак ги извртуваш муабетите, знакот што го постираш означува да имаш зимска опрема, а не е е да имаш ланци.

А од она малку што го разбирам бугарски, текстот под знакот вели дека треба да ги намонтираш ланците ако сакаш да одиш нагоре.
Како тогаш ве пуштаат со возилата нагоре ако не ви се намонтирани ланците ?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9627 на: 11 Јануари 2026, 19:50:54 pm »
Фичо, убаво ти кажува Кими.
Јас кога учев за тест за дозвола, тој знак токму тоа значеше, задолжително поседување ланци.
Толкување, патот е таков да во дадени услови не се доволни зимските гуми.

Тоа со законот како пишува, односно кој го пишувал...

Класичен пример е со дневните светла на времето во кој пишуваше, задолжително најмалку соборени светла (средни). Што во превод значи може и повеќе од најмалку, односно слободно може и со долги светла да си возиш, битно да не е помалку од соборени .

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9628 на: 11 Јануари 2026, 19:54:31 pm »
Член 18, став 9 од правилникот јасно го објаснува знакот со гума и ланци во сина боја што објаснува. Ете го и правилникот https://dejure.mk/zakon/pravilnik-za-soobrakjajnite-znaci-oprema-i-signalizacija-na-patot-2

Не знам од каде си ги вадите дефинициите на нешто што е јасно напишано.

Ако е според вашата логика, тогаш правилников и сите знаци кои се јасно дефинирани во него, уствари се погрешни ?


Класичен пример е со дневните светла на времето во кој пишуваше, задолжително најмалку соборени светла (средни). Што во превод значи може и повеќе од најмалку, односно слободно може и со долги светла да си возиш, битно да не е помалку од соборени .

Сеуште е така, најмалку соборени светла се бараат.
Отвори го закон за безбедност во сообраќајот, член 89 уште во првата реченица вели дека патот го осветлуваш со долгите светла, а треба да ги изгасиш кога се разминуваш со некого или пак имаш возило пред тебе.

Значи не правиш прекршок и да, дење со долги светла можеш да возиш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9629 на: 11 Јануари 2026, 20:49:13 pm »
Член 18, став 9 од правилникот јасно го објаснува знакот со гума и ланци во сина боја што објаснува. Ете го и правилникот https://dejure.mk/zakon/pravilnik-za-soobrakjajnite-znaci-oprema-i-signalizacija-na-patot-2

Не знам од каде си ги вадите дефинициите на нешто што е јасно напишано.

Ако е според вашата логика, тогаш правилников и сите знаци кои се јасно дефинирани во него, уствари се погрешни ?


Класичен пример е со дневните светла на времето во кој пишуваше, задолжително најмалку соборени светла (средни). Што во превод значи може и повеќе од најмалку, односно слободно може и со долги светла да си возиш, битно да не е помалку од соборени .

Сеуште е така, најмалку соборени светла се бараат.
Отвори го закон за безбедност во сообраќајот, член 89 уште во првата реченица вели дека патот го осветлуваш со долгите светла, а треба да ги изгасиш кога се разминуваш со некого или пак имаш возило пред тебе.

Значи не правиш прекршок и да, дење со долги светла можеш да возиш.
Па сега, што да ти кажам, во закон вели просторија, а всушност ако ги извадиш трите ѕида и таванот добиваш простор.
Тоа со кружниот тек power to the people исто вадеше членови од закон, но јас кога учев се учеше како што објаснува Младен од SAT, како што е впрочем во многу европски држави.
Мое искуство со гаранција за тв каде во закон за потрошувачи пишува едно, а во друг закон друго па со продавницата се споревме преку ДПИ...