Пред малце се вратив од Битола и патот до таму и назад не беше баш некој тест за зимскиве гуми (Ханкок) зошто патот беше суза, сегде чист и на малце места влажен.
Но бидејќи цела пелагонија е во снег не издржав, а да не ги пробам на снег малце (оф роуд) и од она кратко што можев е да за бележам е дека ни узгорница, ни уздолница не ме лизга.
Не натапкан снег не е никаков проблем зошто си ринат гумите, а она што ме фасцинираше (може е вообичаено, но првпат возам зимски гуми) е тоа што кога пробав нагло да закочам, со сета сила на кочницата, додека се движев со ~25км/h колата ниту пролизга, а ни АБС не упали.