Hankook winter icept RS2 во димензија 175/65 R14 ги возам на Цитроен Ц2.
На снег и мраз се како мастика. Фантастичен грип, одлично држат во свиоци со снег и мраз. При кочење нема активирање на АБС, застануваат речиси исто како да нема снег. Возилото го возам мааааалку по резервирано заради снегот и мразот, и никаков проблем немам. Управливоста е одлична, на коловози кои што биле покриени со снег или замрзнати никогаш немам осетено дека возилото ми бега од контрола или дека има пролизгување.
Исто така во неразгазен снег насобран на паркинг со висина околу 25 цм нема никаков проблем со грип, едноставно џвакаат гумиве снег.
Откако падна последниот снег вчера ги симнав на 1.8 бари, наместо на пропишаните 2.2. Мислам дека сега имаат уште подобар грип од претходно. Сакав само да пробам, да видам дали митот за возење со издишани гуми на снег е вистина, и излезе дека се добива подобар грип отколку да се вози со пропишаниот притисок на пневматици од фабрика.
Никаде ме немаат заглавено во снег или мраз, со разумно и рационално возење нема да осети никој дека вози по снег или мраз.
При нагло поаѓање на семафори, ако подлогата е целосно со снег или мраз, знаат да провртат некојпат, но веднаш "гризаат" во подлогата и нема пробем со поаѓање. Ова е единствена маана што може да ја искажам за овие пневматици, што можеби се должи на мојата навика секогаш импулсивно да нагазам на гас штом видам зелено светло на семафор. Доколку реагирам малку по пензионерски, пролизгување при старт нема.
На сува подлога се тивки, и помеки од летниот сет.
Гумите ги купув во Октомври во Stop&Go за 9870 денари.
Доколку некој се двоуми околу овие пневматици, јас можам да дадам само најдобра препорака и искрено ги препорачувам за секој кој што наумил да ги купи.
