Поминато скоро 5000км со зимските Nokian WR D4 205/60R16 XL, денеска на мое големо задоволство првпат ги пробав на снег

. Извозив 400км во скоро секакви снежни услови(5 Планински превои, 150km заснежен автопат, меѓуградски патишта) и сум презадоволен од тоа како се покажаа во апсолутно сите прилики во кој се најдов.
Далеку подобри од предходните Hankook Winter I*Cept RS(кога беа нови секако). Неколку пати застанував на горништа на превоите и тргав без никакви проблеми, исто така и возењето на кривините на превоите беше добро без никакво губење на тракција, на автопат покриен со снег држев солидно темпо без никакви занесувања на колата при промена на ленти и претицувања, исто така и одлично кочење каде што скоро и да немав лизгања освен ако самиот не сакав да ги предизвикам за да видам до каде се границите. Имав и добра доза на сигурност со нив, се осеќав доста сигурно и безбедно.