Сиромавиот и скржавиот плаќаат тројно!
Ако сакаш прави експеримент со lassa, па ќе ни раскажеш...Ама Бриџстоун ко бриџстоун не знам дали имаат некаква добра зимска гума, не па некој си ноунејм бренд од турција. Патем, ако таа гума на допир е тврда сега, зимоска ќе биде камен, т.е. пластика, а јас не сум видел добра зимска гума и да биде тврда.
Од мое искуство, релативно ефтина, а одлична зимска гума е Сава Ескимо С3+. Ги вози татко ми на Аурисот и се фантастични, т.е. според мене подобри од Мишелин Алпин кои ги возев на мојата бивша Мазда 6 и покрај тоа што Мишелините беа речиси дупло поскапи од Савите. Единствена забелешка имав на бучноста. На поголема брзина се многу бучни и генарлно беа далеку побучни од Мишелинот.
Инаку мечката од жена ми ја купив со нови Сава Ескимо С3+ 185/65/R15, па чекам да дојде зима за да ги монтирам и да видам како мечката ќе се понаша со нив.