Автор Тема: Проблем при стартување на моторот Peugeot 206  (Прочитано 1742 пати)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Момци здраво,

Се работи за Peugeot 206 1.6 8в.Кога е ладна колата неможе да запали од прва. Треба 3, 4 пати да пробам за да запали. Откако ке стартува нема никаков проблем после тоа може 100 пати да се пали ке запали од 1. Прво мислев дека е бензинската пумпа, ја заменив меѓутоа не е тоа проблемот.Сменив и свеќици (Ставив BOSCH со верба дека се поквалитетни). Читав по странски форуми дека често се јавува мојов проблем и кај другите мотори (1.4, 1.1), меѓутоа никој нема конкретно решение за тоа. Некој вика дека е проблем со имобилајзерот, друг вика дека е проблем со електриката, трет вика дека е проблем со сензорот за температура.Да не заборавам да напоменам дека неколку ја имаат носено и во овластен сервис на Peugeot и таму не успеале да го утврдат проблемот, бидејќи на дијагностиката не појавувало никаква грешка.  Совет некој каде да ја носам на мајстор да ја проверат, или што да пробам да сменам за да го средам проблемот.

Благодарам однапред :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Проблем при стартување на моторот Peugeot 206
« Одговори #1 на: 31 Август 2018, 15:11:51 pm »
Да не губи некој вакум и да ти го враќа бензинот во резервоар откако ќе отстои. Плин имаш?

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Проблем при стартување на моторот Peugeot 206
« Одговори #2 на: 31 Август 2018, 15:21:08 pm »
Да не губи некој вакум и да ти го враќа бензинот во резервоар откако ќе отстои. Плин имаш?
Имам плин да, меѓутоа како што напишав се случува само кога е ладна колата (или не е палена 4 , 5 часа). Откако ке запали нема никаков проблем. Слободно можеш колку пати сакаш да ја изгасиш и запалиш, си пали од 1 без проблем :(

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Проблем при стартување на моторот Peugeot 206
« Одговори #3 на: 31 Август 2018, 15:24:34 pm »
Пробај потроши го целосно плинот и остави ја така една вечер. Види дали ќе ти запали подобро.

Еден другар го има истиот проблем, а проблемот исчезнува само кога нема плин и вози на бензин. Најверојатно дизните плински пропуштаат плин и колата пресисува.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Проблем при стартување на моторот Peugeot 206
« Одговори #4 на: 31 Август 2018, 15:33:09 pm »
Пробај на копчето, исклучи го плинот и возија на бензин една недела. После издувај ја на автопат. Палењето е на бензин.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Проблем при стартување на моторот Peugeot 206
« Одговори #5 на: 31 Август 2018, 17:07:05 pm »
Носи ја кај Илија ново лисиче нека ја види. Братучед со фордот имаше сличен проблем и му ја среди