На 19 и 20 август ќе се одржи по 37-ми пат ридско брзинска авто трка на Водно каде ќе се соберат натпреварувачи кои се надеваме дека ќе ни приредат убав натпревар.
Овој спортски настан кој е значаен за градот Скопје и за цела Република Македонија согледувајќи дека ќе настапат натпреварувачи од повеќе држзави со атрактивни возила, а посебно е важен натпревар бидејќи се бодува за централно европска зона (CEZ)
Станува збор за атрактивна трка која собира голем број на гледачи, љубители на автомобилизмот, па ве покануваме да бидете дел на овој настан кој ќе се одржи на 19 и 20 август!
сатница:
19.08.2017 Сабота тренинг : 12:00ч
20.08.2017 Недела трка : 12:00ч
Организатор АКК Проспорт