Абе нема врска колку газди имало, битно да е оддржавана како шо треба. Често пати менуваат газди заради Х причини. Има што живеат со купи-продај итн итн.
кај нас народ НЕ САКА да вложува во одржување на кола, штом дојде до потреба од одржување се продава..
А има и термин при поправањето, Ја праиш
за продавање или ја праиш
за себе ??
Демек замачкај ја и продај некому, односно кај нас Добра кола НЕ се продава, останува во фамилија .
Во УСА има авто плацеви, земаш кола, ја возиш, по 2-3 дена му ја враќаш ти дава друга поубава, со минимална доплата..
Кај нас ако може да ти ја продаде колата без да ја видиш, недај боже хауба да отвориш.
Пред 17 години купував на лицитација од фирма службена кола, стоела во подрум на фирмата.. некој од фирмата извадил полуосовината, го извадил прстенот и ја вратил полуосовината... Веројатно намерата била тој што ќе ја купи да се распрашува, да биде уценуван и да му биде делот скапо продаден ( јас го врадив од мојата хаварисана кола ( судар имав)
Значи нашиот менталитет по дефаулт е превара и немање техничка култура, одржување на возило било штетен поим..
Од друга страна има бауци, демек морал форд да се носи во Мида ( а и за други понепознати коли) и за промена на масло, па ги дерат како зајаци.. а всушност овластените и НЕ ги знаат проблемите, посебно фабричките грешки.
Нивната логика и начин на работа е само кола до 7 години стара..
Затоа и народ бара само уно, голф и слично а најќурук коли