Другари морам да ја продадам VR6-ката. Цената е 2500 евра, но може да направиме клубска цена и да се договориме.
Податоци:
- Голф 3 VR6 2.8 12V 174PS
- Произведен 1994, стои уште сервисната историја и гарантниот лист од салонот кога е купена
- А-Тест на плин впишан во сообраќајна со дизна систем (стои изваден ќе треба да се намонтира назад)
- Електрични стакла и шибер (треба да се смени моторчето за шиберот)
- Нема клима
- Регистрирана до 06/2019
Моторот го отворив (тие што ми ги знаат темите на форум знаат дека работам темелно кога се работи за мои коли), сменети се карики комплет Колбеншмидт, вентилите на главата се израјбувани и гумици на вентили се сменети. Исто така сменети се сите кабли за свекици и нови свекици по фабричка спецификација.
Ставени се две нови предни гуми, ново уље и филтри. Филтерот за воздух го купив од Австрија нов K&N конусен до 190KS. Колата е ремапирана за турбина да вози, ја купив без турбо па знае да сецка некаде на 2000 обртаи, треба да се врати фабричката мапа, имам уште ден компјутер во багажник. Сменети се сите 4 амортизери исто, старите со кратки спирали се во багажник.
Колата е во солидна состојба, лакот има покажано на хауба и кровот. Праговите мора да се средат.