Автор Тема: Land Rover Discovery I 93'  (Прочитано 1276 пати)

Отсутен igor_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Land Rover Discovery I 93'
« на: 18 Февруари 2018, 11:40:30 am »
Здраво на сите. Имам Discovery I 1993г. V8 3.5 бензин/плин. Може ли да ми предложите мајстор-сервис како и продавница за резервни делови. Фала.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: Land Rover Discovery I 93'
« Одговори #1 на: 18 Февруари 2018, 12:25:20 pm »
Носи го кај мазак (се наога кај стаклара) еден од газдите има ист ваков
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Land Rover Discovery I 93'
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2018, 14:04:56 pm »
Пиши нешто повеќе, какви се искуствата, убав мотор има па и на плин, како иде, колку троши, дали има дефекти?

Отсутен igor_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Land Rover Discovery I 93'
« Одговори #3 на: 18 Февруари 2018, 14:24:12 pm »
Неможам многу да ви кажам, џипот не е лично мој, службена кола е и го затекнав во многу лоша состојба каросериски е да речам во ред нема скоро никакви оштетувања но моторот е во многу лоша состојба, набива компресија, го троши антифризот низ мотор најверојатно е дихтунг на глава се надевам не е пукната главата или блокот ( ми кажаа дека го прегреале ... ). Тоа е главниот порблеми, има уште некои поситни работи, се на се треба еден детален преглед и сериозна поправка, убава машина многу моќна греота е да скапе така оставена затоа и барам помош за сервис и резервни делови.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Land Rover Discovery I 93'
« Одговори #4 на: 19 Февруари 2018, 01:10:53 am »
Според табличкиве, овој е купен од тука, изгледа на некоја амбасада бил.

Штета што бил занемарен моторот. Се работи за доста употребуван мотор од страна на Англичаните. Колку кај нас има евтини резервни делови не знам, во Англија има еден тон.

Знам дека и PAZ сеуште ги оддржуваат Land Rover , можеш и кај нив да прашаш.