Автор Тема: 1994 Audi 80 2.3 10v  (Прочитано 2358 пати)

Отсутен MRTN.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
1994 Audi 80 2.3 10v
« на: 05 Јуни 2018, 21:58:15 pm »
Нов член овде, па еве да ја претставам и мојата машина.

Аudi 80 B4, купена удрена во предница со фабрички 2.0 8v мотор. Од опрема поседува: ништо ии пак ништо. Се работи за основната верзија, и тој што ја купувал нова не сакал да фрли ништо плус за опрема но дал плус 2500 евра за бојата. Бојата е Pelican Blue, многу ретка боја на ова возило. Бојата била основна за S2.
Поседува: Електрично сончев кров, Серво, ABS и тоа е тоа. Знаете за weight reduction нема електрични прозори и клими (глупости се тоа, хах).

Како што наведов, фабрички 2.0 8v мотор со 90hp. Почна да троши вода, плин и уље многу а веќе имав во план да го сменам моторот уште од првиот ден. Се размислував измеѓу 1.8T 20v или легендарната 5ка, 2.3 10v. Интересна приказна беше кога барав таков мотор не можев да најдам нигде (доста редок мотор) а дома имав 1.6 обичен дизел и не знам зошто но го ставив тој, не го возев една недела и го најдов посакуваниот мотор. Човекот имаше два па не можев да одолеам и моментално едниот е под хауба, а другиооот.. не е во ѓепек хехе, стои како резервен мотор затоа што деловите се доста ретки а и така малце скапички.

Спецификации:
Engine: 2.3 10v
Power: 133 hp/5500 rpm
Torque: 186 Nm/4000 rpm
Position of engine: Front, longitudinal
Drive wheel: Front wheel drive

До сега има некои мали измени во однос на тие што ги имам планирано за во иднина. Преден браник од Audi 80 2.8 V6, custom маска за хауба, саат со обртометар (и обртометар немаше затоа што е дополнителна опрема, и таму се штедело), предни вентилирачки дискови 280mm (фабрички: полни 256mm), моето омилено - трокрак волан од urS4 што е многу редок примерок. Опширно скоро цело подвозје ми е сменето со нови делови.

За жал, возилото се вози само на LPG поради следни причини: Овој мотор го има светски познатиот најлош систем за вбризгување на гориво - К-ЈЕtronic кој што слабо се поднесува со плин и преголеми се шансите цревото од усисна до К-главата да пукне а е исто така тешко да се најде и кошта над 50 евра. Така што системот е изваден и е ставен најобичен „спортски“ филтер.

Еве и некоја сликичка:



ВНИМАНИЕ, СЛИКАВА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО НАПОНИ ЗА ПОВРАЌАЊЕ. Делот под хаубата ми е ужасно (не)среден.



Во иднина имам многу големи проекции како што се електрични прозори, клима, потполно реставриран интериер со материјал многу сличен до алкантара, BBS LM - реплика се разбира, и уште многу многу ред други работи. Се што ќе биде подновено ќе биде објавено тука. И да, заборавив да кажам дека се цели кон 2.2 20V Turbo, истиот мотор што го носи S2. Во превод, вол за тунирање со малку пари.

Деновиве ќе направам добра фотосесија па ќе се објави тука.


Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: 1994 Audi 80 2.3 10v
« Одговори #1 на: 05 Јуни 2018, 22:05:32 pm »
Честито со здравје да се вози, па со тек на време да си го средиш како што сакаш 😀

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: 1994 Audi 80 2.3 10v
« Одговори #2 на: 05 Јуни 2018, 22:19:50 pm »
Интересна кола и многу убава боја.

Како е со потрошња на плин?

Отсутен MRTN.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: 1994 Audi 80 2.3 10v
« Одговори #3 на: 05 Јуни 2018, 22:39:09 pm »
Интересна кола и многу убава боја.

Како е со потрошња на плин?
Од 13 па нагоре, со возење како што треба. Менување брзини само над 3000rpm.
Најчесто 14.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 1994 Audi 80 2.3 10v
« Одговори #4 на: 05 Јуни 2018, 23:28:16 pm »
Кога колите имаа идентитет...
Бојата вреди за се што нема од опрема.

Отсутен MRTN.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: 1994 Audi 80 2.3 10v
« Одговори #5 на: 05 Јуни 2018, 23:39:18 pm »
Кога колите имаа идентитет...
Бојата вреди за се што нема од опрема.

Повеќе од точно, 90% од колите се црни, сиви.. некои такви тмурни бои.
Еве и слика на сонце, ја отвара бојата многу.