Држење по кривини и нагло избегнување на препрека се далеку од иста работа. Повеќево од спортските коли се направени со задница која лесно се зализгува, со цел да го неутрализираат подуправувањето и да бидат позабавни на стаза. Меѓутоа на ваков потесен пат со нагли кривини, доаѓа како да направиле Scandinavian Flick, па задницата тргнува да дрифта. Ford го решиле убаво тоа кај Фокусот и посветиле доволно внимание за да го направат да биде одлично управлив при сите брзини. Другите, кој за што имал приоритет.