Намерно останав да ги гледам што работат, бидејќи сум малку параноичен кога станува за италијанската електрика. Ми беа извадени сите пластики, и од горе и од доле за да има пристап до сите црева и стеги каде што сметав дека има течено масло.
Кога го прашав дали имаат алати за да го откачам и отстранам целосно акумулаторот, ми рече дека досега така ги переле сите мотори без никаква заштита на електричните делови, што не ми се допадна.
Во ред, штом немаш алати, стај барем кеси, чисто за превенција за да ги покриеме работите. И го вратив повеќе пати се додека не беа убаво наместени кесите.
Моторот го пере двапати со одмастувач и еднаш со пена и сето тоа го чисти со шмрк со топла вода. Секако бев во близина, па колата ми беше околу 60тина степени загреана. На крај поврзува компресор да го издува тоа што останало.
А за останатите услуги, знам дека за центрирање веома врло се добри во сервис Боми, преместени се сега кај Олимпико, после Александар Палас. 600 ден ми земаа за центрирање на преден трап, имав некои 1.2 - 1.5 степени отстапување бидејќи менував предница.
Едит за Боми:
https://www.facebook.com/CentriranjePrednica/Мислам и дека и други работи прават сега, порано беа повеќе фокусирани на центрирање само
П. С.
@MartinAlfista веќе забележав дека почна да ми мрси горе на дихтунг, по се изгледа нема добар спој тука, па тече надоле маслото по цревата.