Автор Тема: Промена на долга спона и црево на Астра Н 1.4  (Прочитано 1051 пати)

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Промена на долга спона и црево на Астра Н 1.4
« на: 21 Декември 2017, 23:33:19 pm »
   Сакам да го  сменам цревото што оди од водената пумпа до расплињачата, при монтирањето на плин само го пресекле близу водената пумпа и со продолжеток и некои импровизирани спојки го надоврзале и споиле во расплињачата , и сега губи антифриз.Пробав да ставам дополнително стеги , ама спојката најверојатно е обична цевка и тоа не помага.  Ке поставам слики деновиве да видите за каков аматеризам се работи.
    Сега прашањето е дали само  да го поставам цревото со оригиналната стега , или претходно треба да ги намачкам спојките со некој лепак за да држи убаво. Треба да менувам и антифриз па затоа сакам јас да ја извршам целота операција со што предходно ке го исчистам целиот систем за ладење, затоа што гледам во казанчето за антифриз има малку наталожено ѓубренце.
    Исто сакам да ја променам долгата спона на летвата, а како што видов нема никаков осигурач туку се користи лепак за  штрафови. Најдов ABRO  плав ама видов и дека има многу различни лепаци и незнам дали  е точно тој што ми треба.  И одприлика колку се става за да не испадне дека на наредното менување да треба целата летва да ја менувам, или па да се одстрафи во вожња  :P.
Па ако има некој искуство со оваква проблематика  молам да ми помогне.