Здраво дечки
Имам проблем со Idle на корсата. Кога работи во место работи на 1.000рпм што е нормално, ама доволно е мааааалце да ја чепнам гаста и СЕКОЈ ПАТ ТОЧНО 3 ПАТИ прави стрелката на обртометарот од 1.200 до 1.600 и се враќа. Значи точно 3 пати врм,врм,врм и паѓа на 1.000рпм.
А кога ја возам, само од 2ра во 3та кога ги шалтам , а стиснам кумплунг одма добива гас колата иако не стискам и исто се заглавува на одредена обртометажа. Конкретно од 2ра у 3та кога ги мењавам ми иде од 2.500 до 3.000рпм ако цело време го држам кумплунгот цело време ќе иде од 2.500 до 3.000 секој пат е исто. И од 3та во 4та кога ги шалтам таму се глави од 2.800рпм до 3.200рпм со стиснат кумплунг, кога ќе сменам и пуштам кумплунг нема проблем....
Се сретнал ли некој со ваков проблем?
Чистена клапна,црева, проверени се цревата за вакум лик, IAC сензорот го расклопив,чистев и подмачкав ама изгледа он е проблем и мрда федерчето 3 пати во место коа ќе ја турирам за да ја отвори клапната.