Одамна не сум пишал ништо на темава. БМВто го имам се' уште, 75.000км е кај мене. Секојдневно се вози, немам проблеми. Позначајни моменти за споменување, освен редовен сервис (уље филтри):
-11/2018 на 135.000км сменети предни дискови, ставено Zimmermann дискови со брембо плочки, назад ставени плочки АТЕ, сменети 2 стабилизатори напред, ставено КН филтер за воздух;
-01/2019 летните бандажи средени исполирани (слика подоле);
-03/2019 на 142.000км монтирани 4 нови Continental premiumcontact 6 225/45/17 во мотоцентар;
-08/2019 на 150.000км монтирани нови чаури на преден трап, полиуретански стронгфлекс;
https://www.strongflex.eu/en/e81-e82-e87-e88-04-11/1366-front-wishbone-bush-sport-5902553504019.html?search_query=bmw+e87&results=31https://www.strongflex.eu/en/e81-e82-e87-e88-04-11/1125-front-wishbone-bush-sport-5902553503395.html?search_query=bmw+e87&results=31-09/2019 на 155.000км превентивно сменети ланецот и затегачите, кои се фабричка грешка во BMW N47 моторите (timing chain failure т.е. клумп);
-10/2019 на 157.000км ремап. Импресии ќе пишам дополнително деновиве.
Бандажите
Една слика од операцијата за менување на ланецот и затегачите, целиот мотор се вади надвор:
Сега за сега е тоа, мислам дека не заборавив ништо. Се надевам дека и понатаму ќе ме служи како што треба. Верно и без проблеми.