Автор Тема: Акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели  (Прочитано 1866 пати)

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели
« на: 26 Октомври 2017, 21:28:22 pm »
Затоа што не прочитав дека има рестрикции за видот на артикл кој може да се огласи за продажба, си викам шо па да не па, и тука да го ставам огласов. А знам и дека има по некој музичар на форумов (пр. @Stratro од тоа што имам прочитано, а и слушнато ;D)

Значи, се продаваат акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели

тапани Premier Artist Maple со димензии:
22х20“ бас
10х8“ тимпан
12х9“ тимпан
14х14“ барабан
14х5,5“ добош
заедно со 2 сталаци за чинели, сталак за фус, добош, една единечна педала, една дупла педала, и тапанарско столче.

Чинели:
20“ Ride Paiste 2002 Flatride рамна чинела без ѕвоно (уникатен модел од 1998 г. кој веќе не е во производство)
20“ Medium Crash Paiste 2002 Black Label (редок модел од 1981г.)
18“ Thin Crash Paiste Formula 602 Blue Label (многу редок модел од 1981г.)
14" Zildjian hi-hat(горен дел К серија, долен дел Ζ серија)
Paiste PST5 Rock set:
20" Ride
16" Crash
14" Hi-hat (фус)

Со тапаните доаѓа и комплетен сет торби за сите парчиња, вклучително и за сталаците, чинелите и палиците.

Тапаните и чинелите се продаваат како комплет.






Секако, цената не е фиксна.

Цена 2500 евра.

Линк од реклама 5 со повеќе слики :
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2614439

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели
« Одговори #1 на: 26 Октомври 2017, 21:41:22 pm »
..тука лев чорап можеш да огласиш.;D

Убаво премиерче.
Чим имаш дупла педала или си метал или фјужн..или двете.

И на фб инаш доста големи купувам/продавам групи за огласување музички инструменти.

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели
« Одговори #2 на: 26 Октомври 2017, 21:58:08 pm »
Метал(кор) сум ;D

Не знам за жал ниедна група за купи/продај на ФБ, затоа што ми е најмногу страв од коментарите "cenaaaa?" и "druze ja za ovie pari znaes so tapani kje donesam od germanija i toa dizel"

Со тешки маки го продавам сетов, ама музикалната фаза изгледа е во минатото сега за сега, бендот ми се распадна и сум презафатен со 9to5 работа да бркам тезги кои и онака не плаќаат добро.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели
« Одговори #3 на: 26 Октомври 2017, 22:53:10 pm »
Exx презафатен...
Од 9 до 5 сум и јас и мене ми се распаднаа едно 5 бенда. ;D
Not an excuse.
Ако треба кеш итно, тоа е друг муабет, а бубањов си кошта.

https://www.facebook.com/groups/oglasi.za.muzicki.instrumenti/

https://www.facebook.com/groups/324794164251846/

И пиши си цена од одма, да не те реметат во инбокс.
Секаков народ има.




Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Акустични тапани Premier и Paiste/Zildjian чинели
« Одговори #4 на: 27 Октомври 2017, 21:40:27 pm »
Muchas gracias, ќе објавам и таму. Не е изговор знам, ама приоритет е кола сега :D