Автор Тема: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање  (Прочитано 1817 пати)

Отсутен memory1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Здраво дечки,

Имам нисан микра дизел, 1.5, 2004.  Километража според неа 200.000 ( во што јас не верувам). Претерано сецка. При возење знае да тресе обртомерот и од 1000 на 2000 обртаи. На 2000 задолжително сецка. Сменети инјектори(репарирани)  пред неколку месеци. Претходно на компјутер има покажано грешка на ЕГР вентил, инјектори ( сите 4) и педало за гас.

Ако пуштам клима веднаш по палење на колата, постојано сецка и чади. Ако се вози подолго време и дури после се пушти клима не чади.

Колата нема проблем со снага, без проблем се вози до 150.

Помош?

Планирав да одам до нисан сервис ама со овие симптоми, страв ми е да не не излезам од таму па да треба цела кола да им ја оставам за да ја платам дијагностиката.

 :) :) :) :) :) :) :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #1 на: 07 Септември 2017, 00:56:42 am »
Мора да се дизни...

Опиши подетално како изгледа сецкањето,

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #2 на: 07 Септември 2017, 09:25:37 am »
Мислам дека 1,5 има делфи дизни ако не се лажам. Незнам кој ги репарира и дали има делови. Зборот ми е дали си сигурен дека се репарирани??? Има многу 'мајстори“ кои само отвараат чистат и собираат и нормално тоа не е тоа, комон реил дизна при склапање се мери во стоти па и илјадити делови од мм.
Не кажа каков дим има црн, бел? Мириса на жива нафта или не.... Има многу детали што ќе помогнат да се додефинира проблемот. Дали е гледано на дијагностика колку компензација прави на инјекторите компјутерот?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #3 на: 07 Септември 2017, 09:57:29 am »
Колку што знам дизелот од микра е ДЦИ рено мотор..Ако тоа ти помага, види и кај механичар што чепка реновци

Отсутен memory1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #4 на: 08 Септември 2017, 13:21:47 pm »
Да, делфи се дизните. Прво мислевме дека е до тоа проблемот, ги кажуваше на дијагностика сите 4 дека имаат проблем. Ги испративме во Скопје на проверка, сите четири немаат притисок. Ги репариравме, некои италијански биле. Ништо подобрување после тоа нема, дури плус почна и да чади, црн дим. Пред тоа немаше ништо такво само сецкање.

Сега на дојагностика го јавува само ЕГР вентилот.

Ама сецкањето си остана и плус чади многу. Сецкањето е нон стоп, пробувам да ја држам гаста постојана, да видам дали ќе се смири ама колата воопшто не може да се вози на мали брзини. Има нешто што и смета.

Дали можеби е пумпата? И таа е исто делфи.
Читав некаде дека ако се сите дизни лоши пумпата е сигурно отидена.

Давајте контакт од некој добар мајстор за 1.5 дци, рено е овој мотор.


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #5 на: 08 Септември 2017, 14:22:37 pm »
Сервиси за инјектори значи стварно што ги сметам за сервиси можам на една рака да ги избројам. И само некој од нив ако тестирал и правел ми е меродавно. Тоа се: Влатко во Кавадарци, Каргомакс односно АГС сервис - Скопје и Мак Дизел - Скопје. Има многу “мајстори“ плукни залепи. Делфито ако не се лажам се тестираа и кодираа на Heritage(незнам точно дали вака се пишуваше) машина, не ми текнува кој во Скопје ја имаше ама знам дека некој има. Од проблем со егр исто така може да дими моторот.
Незнам што ви кажале но дизни неможе да немаат притисок може да немаат кубикажа односно да имаат голем поврат. Притисокот го прави пумпата, тоа што дизните биле отидени немора да значи дека пумпата е отидена и таа нема да се манифестира со црн чад.
Црниот чад укажува на многу гориво односно недостаток на воздух(не го мешајте многу со дизна што моча гориво тогаш би имало бел дим и мирис на жива нафта) значи проблем е недостаток на воздух односно не потполно согорување на горивото.
Од каде сте?

Отсутен memory1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #6 на: 08 Септември 2017, 14:31:01 pm »
Кавадарци. Значи Влатко јас да го барам најдобро.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Проблем со нисан микра дизел - ужасно сецкање
« Одговори #7 на: 08 Септември 2017, 14:50:41 pm »
Најпаметно, ако не може кај него ќе те упати каде. Делови за нив мислам дека само заменски постојат оргинал дека нема ама мислам... И кога ќе се напраи инјекторот мора да се кодира, кога ќе се монтира на кола исто така МОРА да се внесе кодот.