Како што кажа
@IdeuX , секој skilled механичар може да го монтира ова. Како најкомплициран дел во однос на тјунингот, е EcuTek софтверот, те. мапата. По она што сум читал, skyactive има многу специфична и сложена контрола на работа, сосема различна од обичен 10;1 мотор. Главниот проблем е високата компресија од 14;1 те. ризикот од детонација. Додавање притисок, макар и низок од 0.5бар, води кон тоа да компресијата дополнително се зголеми, + температурата на усис ќе се зголеми (сосема спротивно од она што инженерите на мазда пробувале да го направат).
Ако мапата е добро подесена и испробана, ондак моторот како хардвер, нема да има гајле (како најслаба компонента може да бидат клипњачите кои веројатно не се ковани). Друг битен момент во однос на мапава е горивото (октаните) за која е она направена .
Најпогоден дел од дополнителнава моќ би била ламелата и диференцијалот. Покачување од 150 на 270Nm си бара модификација. Како последен проблем би го спомнал уљето. Веројатно во твојот мотор се препорачува некоја водурина со градација 0-20, 0-30 евентуално 5-30 (сега прогуглав, 0-20
возеле), што во лето макеоднско од +40 при нормално возење би било опасно, а не па во мотор со турбина и БЕЗ хладњак за уље.