Автор Тема: Менувач за Opel Vectra B  (Прочитано 1746 пати)

Отсутен MnM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Менувач за Opel Vectra B
« на: 07 Август 2017, 21:02:08 pm »
Поздрав дечки,

Неодамна добив повик од мајсторот, требало да се смени менувач
Имате ли совет околу тоа каде да најдам, каков, нов, половен, евентуално цени и слично. Немам некое познавање и затоа сакам да ме советувате.
Инаку се работи за Opel Vectra B 2.0 x20xev

Благодарам за секој коментар подолу. Доколку имате некое прашање, околу темава, ќе се обидам поточно да објаснам како настанало и сл. во следна прилика.

Поздрав,
Со Почит.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Менувач за Opel Vectra B
« Одговори #1 на: 07 Август 2017, 21:38:53 pm »
Nov menjac kje te kosta kolku cela kola. Otvori reklama5 pisi vectra i baraj ima eden od kicevo i eden od prilep rasturaat celi vektri zemi si poloven i nakrivi kapata. Kako uspea da go riknes tvojot obicno tie menjaci nemaat maka.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Менувач за Opel Vectra B
« Одговори #2 на: 08 Август 2017, 09:27:40 am »
Тетоово, Гостивар, Кичево барај...

Има сигурно.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Менувач за Opel Vectra B
« Одговори #3 на: 08 Август 2017, 10:42:26 am »
На патот од Горно кон Долно Лисиче од десна страна, на околу 2 км од црквата Св. Апостоли Петар и Павле, имаш човек што растура само Опел. Имам видено неколку растурени Вектри Б со тој мотор.

Отсутен MnM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Менувач за Opel Vectra B
« Одговори #4 на: 08 Август 2017, 16:29:59 pm »
Една вечер ,.. така возејки лупна нешто напред. Излегов да видам што се случи, немаше ништо. После 2-3 километри возење, без никаква мака и сл. стигнав дома, се наведнав и видов тече уље. Другиот ден проверив на шипка, немаше истечено, воопшто. И повторно течеше ( во возење ).
После работа, седнав да возам, и повторно таков силен удар. Тргајќи забележав дека до доле почна да фаќа кумплунгот и влезе во Прва Брзина исто како нагло да сум го отпуштил. Во ВТОРА почна да пука, Вратив назад и почна да гребе ( исто како да прескокнува некој заб, како скршен ). Застанав, го оставив колегата ( после долги 40минути возење 20-30КмЧ со тој Звук на ’гребење’, без никаков удар, пукање и сл.) и колата не мрдна од место. Сите брзини без проблем ’Влегуваа’ и немаше некој механички проблем или звук при префрлање, ама возилото не тргна (Исто како со рачна крената, Вртежите се зголемуваа и ништо повеќе).

Некако ја помрднавме напред-назад ( и веројатно се ’поднамести’ и тргна во лер ).. Се разбира, шлеп-до-дома.
Подоцна, по таа ситуација, почна да вози, ама со ’пропаднат до долу’ кумплунг.

EDIT:
На патот од Горно кон Долно Лисиче од десна страна, на околу 2 км од црквата Св. Апостоли Петар и Павле, имаш човек што растура само Опел. Имам видено неколку растурени Вектри Б со тој мотор.
Виктор,.. епа кај него бев. Често одам кај него ама немал, побара од мене да најдам па ќе го менувал.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Менувач за Opel Vectra B
« Одговори #5 на: 08 Август 2017, 17:04:07 pm »
Ау, партал внатре мењачот значи.

Отсутен MnM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Менувач за Opel Vectra B
« Одговори #6 на: 08 Август 2017, 17:27:37 pm »
Со голема веројатност.
Имате претстава за цени? Сакам да споредам, она што Ќе го кажете вие, со оние од тел. повик