pastaj vin (vehicle identification number od sofersajbna) tuka:
http://www.etis.ford.com/vehicleRegSelector.do
ke gi vidis site detali
Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Тука и проверив и го добив тој мотор погоре,но сега повторно проверив и тоа неколку пати и само еднаш ми го изваде тој мотор а останатите пати добивам резултат дека овој мотор е вграден:
1.4L Duratec 16V PFI (75PS) - Sigma
Е сега мене што ме интересира е каде да го видам бројот од моторот на самиот мотор?
Инаку возилото е регистрирано во друг град,и тоа сега не знам можеби е малку глупаво прашање,но ме интересира дали на самиот технички при регистрација го проверуваат и бројот на моторот?
Бројот на мотор на технички преглед при регистрација по правило треба да се провери, во пракса ретко освен ако не им спомнеш. Сите податоци за техничките карактеристики на возилото наведени во сообраќајната дозвола мора задолжително да се проверат. Во пракса има возила што воопшто не се појавуваат во станица за технички преглед а сепак се регистрираат, само документацијата им се средува.
Требa дa се прoвери дa, aмa сo стручњaците oд техничкиве стaници и пoдoбрo е штo не гo прoверувaaт. Мене прв пaт кoгa регистрирaв, aј дa гo видaт, пa не гo утнaa... Тaкa и утнaт гo впишaa вo сooбрaќaјнa, пoкрaј тoa и тип нa мoтoрoт утнaa, кoлку штo се сеќaвaм нaместo AFH, AFN пишaле или oбрaтнo беше, еднaтa oзнaкa е зa дизел другaтa зa бензинец. Пa нa следнa регистрaцијa пaк нoвa сooбрaќaјнa.
Нaјбoље беше делoви кoгa требaше дa се купувaaт, јaс им викaм бензинец, прoдaвaчoт ми викa пo сooбрaќaјнa ти е дизел.
Се изнервирaв и плинму стaвив, ни пo мoе ни пo негoвo