Бројот на разбојништва во Македонија пораснал за 68% во 2017
Разбојништвата, кои според начинот и употребата на насилство при нивното извршување се едни од најтешките дела. Бројот на разбојништвата бележи зголемување од 68% односно евидентирани се 417 разбојништва, од кои 324 се извршени од непознат сторител!
Според местото на извршување околу 86% од разбојништвата се извршени во
урбани средини, при што најголем број од нив -169 се извршени на отворен простор, односно се работи за улични разбојништва, потоа, следат разбојништвата извршени во спортски обложувалници - 48, по 38 разбојништва се извршени во станбени објекти, аптеки и маркети и 23 разбојништва се извршени на бензински пумпи. Огненото оружје како средство за закана годинава е употребено во 39% од
разбојништвата, а во четири случаи е пукано од огнено оружје при извршување
разбојништво во маркет, менувачница, такси возило и станбен објект, додека во 22% од лучаите сторителите како средство за закана употребиле ладно оружје, при тоа одземале накит, телефони и парични средства.
При извршувањето на разбојништвата на 58 лица им биле нанесени телесни
повреди, а пет лица биле тешко телесно повредени. На подрачје на Охрид и Прилеп при извршување разбојништва во станбени објекти, сторителите со употреба на ладно оружје им нанеле повреди со смртни последици на две лица на возраст од над 60 години.
https://www.inkedmail.com/home/%D0%B1%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0%D0%BB-%D0%B7%D0%B0-68-%D0%B2%D0%BE-2017https://netpress.com.mk/zaev-vetuva-amnestija-za-da-oslobodi-kriminalci-koi-ke-bidat-vo-funkcija-na-izborite/