Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3009062 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #795 на: 18 Септември 2017, 14:55:10 pm »
Trebaat pari za izbori hahajahahha
Даме многу убав беше мерцедесот за корекции

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #796 на: 18 Септември 2017, 15:14:12 pm »
Читам на фејсбук „ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ТОЧИМЕ ДРАСТИЧНО ПОСКАПИ ГОРИВА“. Ти ебам новинарството македонско.
http://a1on.mk/archives/789645
Нешто нејасно ? ;D

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22368
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #797 на: 20 Септември 2017, 10:37:54 am »

 
ПЕТГОДИШНИ ДЕЦА ГИ ПЕАТ НАЈНОВИТЕ ТУРБОФОЛК-ХИТОВИ, ГЛЕТКАТА НЕ Е УБАВА
 
Tурбофолкот како пропонент на хедонистичко живеење има многу штетни последици врз младите кои поминуваат низ процесот на својот развој и образование. Тој ги повикува на едно штетно бунтовништво, мечтаење за брзо богатење и уживање без одговорности, односно им штети на процесите што младите ги учат - да се развиваат со работа, труд, едуцирање, корисна креативност и слично. Преку достапните ТВ-канали, радијата и интернетот турбофолкот е лесно достапен за секој што сака да го „консумира“ – вели комуникологот Сеад Џигал.


Свадба е голема. Ечат турбофолк-песни од Аца Лукас, Цеца, најновите хитови на „Гранд продукција“... Пет-шестгодишни деца заедно со родителите наизуст ги пеат стиховите во кои се промовира љубовно страдање, смрт, алкохол. Глетката не е убава... За жал, младите сè повеќе слушаат турбофолк-музика, но пострашно е што тоа го прават петгодишни деца кои треба да ги слушаат песните од детските фестивали. Дека денеска младите навистина сè повеќе слушаат ваков тип музика се согласува и Андријана Јаневска, наша позната пејачка, доцент на Факултетот за музичка уметност и прва виолина во Македонската опера и балет. Таа смета дека дел од медиумите се директно одговорни за она што денес го гледаме.

- Да разјаснам дека немам ништо против ниеден жанр и секој треба да го слуша она што го сака. Во крајна линија, секој има свој вкус и секој различно се чувствува во различни пригоди. Јас најмногу сакам и слушам класична музика, но тоа не значи дека не сакам џез, блуз, латино или поп/рок. Целиот трик е во тоа што ѝ се сервира на публиката. Доколку сите радиостаници пуштаат одредена песна почесто, несомнено е дека ќе биде хит (квалитетот не игра улога). Сведоци сме дека на сите телевизии во најголем дел од термините даваат српски шоуа, песни, спотови. Значи, нема рамнотежа, туку просто доминира одреден жанр – вели Јаневска.

Според неа, сè би било поинаку доколку секоја ТВ-куќа има своја продукција, свој музички уредник кој ќе се грижи телевизијата да има соодветна музичка програма.

- Моменталнава состојба не треба да се занемари, особено поради тоа што веќе и мали деца пеат песни со недолични текстови наместо да слушаат детски песни, соодветни за нивната возраст и погодни за нивниот развој. Се разбира, кај децата најголема улога играат родителите, кои директно можат да го насочат детето и да влијаат врз развојот на неговиот музички вкус. Да не заборавиме дека децата се слика и прилика на родителите – смета Јаневска.

Комуникологот Сеад Џигал објаснува дека турбофолкот во Македонија навлегува од бившите југословенски простори и во помала мера од Бугарија. Во Македонија е популарен поради традиционалните врски со соседните култури и јазично-политичката блискост со просторите каде што настанува. Постои и македонско турбофолк-творештво кое е доста богато и кое има своја значителна публика, иако помала од онаа на увезениот турбофолк.

- Се работи за еден мешан музички правец кој се надоврзува на кафеанската супкултура, кој опејува разни форми на уживања и љубовни страдања, т.е. главно цели кон поттикнување на ниските страсти на публиката и соживување со нив. Се опејуваат хедонистички искуства и гламурот на модерниот живот, кои се прикажуваат како еден посакуван стил на живеење исполнет со разни уживања и борба како да се достигне и води таков живот. Во таа смисла, турбофолкот како пропонент на хедонистичко живеење има многу штетни последици врз младите кои поминуваат низ процесот на својот развој и образование. Тој ги повикува на едно штетно бунтовништво, мечтаење за брзо богатење и уживање без одговорности, односно им штети на процесите кои младите ги учат - да се развиваат со работа, труд, едуцирање, корисна креативност и слично. Преку достапните ТВ-канали, радијата и интернетот турбофолкот е лесно достапен за секој што сака да го „консумира“ – вели Џигал.

Затоа смета дека родителите, како и за другите штетни медиумски содржини, треба да имаат близок увид и внимателно да следат што нивните деца слушаат и гледаат, и да помагаат во тоа што и колку следат децата преку телефоните, таблетите и телевизиите.

- Низ приспособен и континуиран дијалог со децата треба да им се објаснуваат штетите од оваа музика и култура, а свесноста на младите за вистинските последици од турбофолкот е најдобрата заштита. Мора да се спомене дека има многу „комплементарни“ фактори кои младите ги наведуваат на турбофолкот, од кои најсилни се популарната култура и рекламите. Тие ги учат речиси на секој чекор, кон еден хедонистички индивидуализам кој ги тренира да бидат егоисти склони кон уживања и самоисполнување без развивање одговорност кон средината. Без разлика дали се работи за холивудски серии, филмови, реклами на глобални брендови, младите се под многу силно влијание на ова сфаќање на животот како неограничено забавување, уживање, самозадоволување, т.е. се развиваат како импулсивни егоцентрици кои во уживањето и консумеризмот наоѓаат смисла за своето живеење – вели тој. Во таа смисла, вели дека турбофолкот само се надоврзува како локална форма на овој глобален проблем, така што за да се справите со него, мора да ги разберете и другите фактори што придонесуваат тој да биде проширен кај младите. Социологот Пере Аслимоски, професор на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, објаснува дека музиката исполнува значаен дел од културните содржини на нашето секојдневие. Музичкиот израз, разбран во вистинска смисла на зборот, претставува своевиден културен код низ кој човекот од памтивека на најимпресивен начин ги изразувал своите длабоки чувства и пораки за љубовта, среќата, радоста, болката, тагата, за тежината на животот, за страдањето и други лични доживувања.

- Силен одраз во песната наоѓаат и социјалните теми посветени на патриотизмот, хероизмот, предавството, туѓината, печалбарството, добрината, хуманизмот, ропството, злото и други теми поради кои песната добива третман на значајна културна ризница на духовниот живот на човекот. Песната е извор на темелни вредности кои се искристализирани од секојдневни настани и личности и како такви, музички изразени, лесно го наоѓа патот до мислите и чувствата на народот. Поради тоа, песната може да се користи како погодно средство за социјализација и ориентација на младите кон темелните вредности, како што се животот, добрината, чесноста, толерантноста, љубовта, слободата, правичноста и други вредности – вели Аслимоски.

Но тој смета дека денешната појава на прекумерна консумација и застапеност на турбофолкот како дел од културното секојдневие, а особено потпевнувањето на турбофолк-песни и кај децата од помала возраст е индикатор дека културниот амбиент во македонското општество е во поголема криза.

- Потребна е сериозна културна иницијатива и акција за враќање на културното тежиште. Потребен е интегративен пристап на институции од областа на културата, образованието, медиумите и други институции што ќе придонесат за „стабилизирање“ на културниот амбиент и наместо турбофолк, во детските гласови да се слушаат песни кои носат темелни чувства, пораки и вредности кои ќе стануваат дел од духовната структура на нивната личност – завршува Аслимоски.

http://www.fakulteti.mk/news/17-09-20/petgodishni_deca_gi_peat_najnovite_turbofolk-hitovi_gletkata_ne_e_ubava.aspx

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #798 на: 20 Септември 2017, 14:24:13 pm »
Ама луѓе сериозно веруваат во тоа. Имам другарка навлечена на Лајонес, убедена е дека ќе прави по 5000 евра месечно.
Колку членови од семејството и блиски другари треба да изгубиш за да ги правиш тие 5000еур месечно пресметала? Тешко дека има толку баби и тетки кои ќе ги замаја.
Мајка на работа кажуваше сега брзо за колега, детиште, купил 100-200? картички за 2000€, дистрибутер ќе бил, па сега глата си ја чешал. Или како беше бе 100 картички за 100€?, брачед ми нешто ми баеше, ми се измешаа бројките, ама како и да е, одма се гледа каде си заебан.
Имам картичка ама така ја носам, атер за близок човек кој даде над 5000 евра за облаци за после две години да заработувал куп пари... :(

Ќе ме убедуваа луѓето да вложам.
Господа, кој тип на трговско здружување е Лајонес Македонија...? Мрмка ова она, постои како фирма вака така...
Господа, кој тип на здружување е, со што гарантира??? Ааааа ДООЕЛ е вика - Фала шо се видиме и пријатно.

Му викам на пријателов - Постои можност да го вратите вложеното а може и ни толку.
Да заработите, тешко.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6404
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #799 на: 20 Септември 2017, 14:24:25 pm »
Еве не бил само мустангот со делови од спарк внатре имало и полошо :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #800 на: 20 Септември 2017, 14:26:36 pm »
Ford имаа вакви клучеви :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4025
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #801 на: 21 Септември 2017, 11:01:27 am »
имавме некој шо работи во Mobico?

иам телефон за у сервис, под гаранција... па ако има потреба да се потегне некој конец да се убрза процедура... :D

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #802 на: 21 Септември 2017, 21:15:02 pm »
2016 new anti-static belt car safety anti-static ground belt automatic reflective V-belt Earth
 http://s.aliexpress.com/B7zYNJzQ
(from AliExpress Android)
Се пишуваше во некоја тема за вакво нешто


Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2656
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #803 на: 21 Септември 2017, 22:01:58 pm »
 Шо е тоа уствари??

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #804 на: 21 Септември 2017, 22:06:23 pm »
Да не те пецка струја на раката кога излегуваш од кола :) и јас имам ваков проблем и би пробал едно вакво :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #805 на: 21 Септември 2017, 22:25:04 pm »
На патарини е хорор.

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #806 на: 21 Септември 2017, 22:38:58 pm »
На патарини е хорор.

Кога ја вадиш раката од прозор на патарина, потруди се да не ти допира на лимот или метален дел од каросеријата. Нема да пецка.

Обично пецкањето се јавува кога се вклучува климата во возило и воздухот во кабина е многу сув.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #807 на: 22 Септември 2017, 01:20:25 am »
Ма ќе му пушра едно синџирче ... пробно. Инаку кај мене нема клима па дрма. Не е пресудна климата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #808 на: 22 Септември 2017, 01:42:16 am »
Јас забележувам дека пецкањето зависи од тоа каква гардероба носам.
Со едниот пар тренерки кога возам сум наебал.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7392
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #809 на: 22 Септември 2017, 07:59:39 am »
Од триењето на облеката се јавува електрицитетот, само не ми е јасно ова синџирче на кој начин ќе функционира,
личноста е наелектризирана и таа треба да се испразни а тоа го правиме со допирање на метал/шасијата.
За да работи ова чудо треба на рака да ни биди врзано не на шасија, или грешам?