Сум ја запустил темата малце па редно е едно освежување за тоа што се работеше периодот што измина.
Пред неполн месец, во Ас Стил сменив лонци, два нови средни фабрички и нов заден проточен лонец.
За споредба колата работи потивко и помирно од претходно, кога имав само еден среден лонец.
После тоа имав проблем со моторот за системот за ладење, запече осовината и не вртеше перката.
Кој имал таков проблем на Голф 3 знае дека за да се извади тоа моторче мора да се извади фреонот за да може да се извади хладњакот за климата и другиот хладњак, а успат, мора да се вади маска, преден браник, преден везен лим...
Како и да е се среди и тоа.
Наредно деновиве, ќе ги менувам сите три држачи на моторот, отидени се и мора да се сменат.
Набавени се нови Febi.
Sent from my iPhone using Tapatalk