Автор Тема: Подесување на појачало со помош на мултиметар  (Прочитано 3069 пати)

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Што ни е потребно:
-Мултиметар
-Калкулатор
-Колкав отпор има звучникот кој ке биде поврзан на појачалото.
-Колку RMS излегува од појачалото.

Подготовки:
-Радиото го пуштаме на резултатот од Макс јачина * 0.8( во мојот случај 32 * 0.8 = 26)
-Сите подесувања на радиото ги ставаме на фабрички , како на пр.: bass, fade и тн.
-Го откачуваме звучникот за кој го вршиме подесувањето, бидејки нема потреба истиот да биде поврзан додека подесуваме.
-На радиото пуштаме трака погодна за тестирање, јас во мојот случај користам 40Hz тон.
https://www.dropbox.com/s/c6qtkakt2oyghc7/40Hz%200dB.mp3?dl=0
-Подесувањата на појачалото исто така ги враќаме на фабрички т.е почетни подесувања.

Пресметки:
формула-  V = √P * R
P = ватите од каналот на појачалото којшто го подесуваме
R = отпорот на звучникот кој ке биде поврзан на овој канал.
Во мојот случај: квадратен корен од 200w * 4 = 28,28волти

Подесување:
Го поврзуваме мултиметарот со каналот од појачалото кој што сакаме да го подесиме, плус со плус, и минус со минус,  и мултиметарот го ставаме на AC Voltage(најизменичен напон).
Траката од 40Hz ја пуштаме да врти на радио.
Го покачуваме Gain на појачалото се додека на екранот од мултиметарот не добиеме бројка приближна , но не поголема од резултатот добиен од формулата погоре, во мојот случај заокружено на 28волти

Се надевам дека на некому ке му послужи како што ми послужи и мене.
« Последно менување: 02 Мај 2017, 22:03:51 pm antibiotic1 »
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Подесување на појачало со помош на мултиметар
« Одговори #1 на: 01 Мај 2017, 09:15:48 am »
Најтешка работа да дознаеш за едно појачало е RMS. Треба да го пресметаш. А тоа ти е услов за пресметкава.

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Подесување на појачало со помош на мултиметар
« Одговори #2 на: 01 Мај 2017, 10:21:04 am »
Најтешка работа да дознаеш за едно појачало е RMS. Треба да го пресметаш. А тоа ти е услов за пресметкава.
За секое добро појачало на интернет постојат спецификации, е сега доколку е no name , и за него ке се најдат, но колку се веродостојни бројките тоа можеш да дознаеш со мултиметар кој има функционалност за мерење RMS.
пс. Јас го сметам за најлесна работа тоа , бидејки истата е напишана во спецификации.
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10462
Одг: Подесување на појачало со помош на мултиметар
« Одговори #3 на: 01 Мај 2017, 12:55:22 pm »
Можеш лесно да пресметаш вистинска рмс ама со осцилоскоп кој минимум чуни околу 400 евра.... Инаку мислам треба бел шум за тест звук и прилично масивен отпорник...
Поквалитетните засилувачи имаат клипинг индикатор т.е. сијаличка која ти лажува дека си на граница. Секако клипинг може да се додаде на скоро било кој засилувач и доколку ги имаме сите потребни специфилации индикаторот може да се сведе на 2-3 ефтини делови(отпорник, диода и зенерка) а може да се стави и лимитер(граничник) на сигналот фоколку имаме специфициран влез на сигналот.
Еве и шема за лимитерот http://elektronika-mk.net/index.php?topic=125.0
Може треба да се регистира за да се види....

Отсутен Steff_Maja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 188
    • FaceBook
Одг: Подесување на појачало со помош на мултиметар
« Одговори #4 на: 02 Мај 2017, 20:52:41 pm »

Што ни е потребно:
-Мултиметар
-Калкулатор
-Колкав отпор има звучникот кој ке биде поврзан на појачалото.
-Колку RMS излегува од појачалото.

Подготовки:
-Радиото го пуштаме на резултатот од Макс јачина * 0.8( во мојот случај 32 * 0.8 = 26)
-Сите подесувања на радиото ги ставаме на фабрички , како на пр.: bass, fade и тн.
-Го откачуваме звучникот за кој го вршиме подесувањето, бидејки нема потреба истиот да биде поврзан додека подесуваме.
-На радиото пуштаме трака погодна за тестирање, јас во мојот случај користам 40Hz тон.
-Подесувањата на појачалото исто така ги враќаме на фабрички т.е почетни подесувања.

Пресметки:
формула-  V = √P * R
P = ватите од каналот на појачалото којшто го подесуваме
R = отпорот на звучникот кој ке биде поврзан на овој канал.
Во мојот случај: квадратен корен од 200w * 4 = 28,28волти

Подесување:
Го поврзуваме мултиметарот со каналот од појачалото кој што сакаме да го подесиме, плус со плус, и минус со минус,  и мултиметарот го ставаме на AC Voltage.
Траката од 40Hz ја пуштаме да врти на радио.
Го покачуваме Gain на појачалото се додека на екранот од мултиметарот не добиеме бројка приближна , но не поголема од резултатот добиен од формулата погоре, во мојот случај заокружено на 28волти

Се надевам дека на некому ке му послужи како што ми послужи и мене.

Дали ќе може малку да го подобјасниш процесот ?

1. Што е 32 и зошто се множи со 0.8 т.е. што е 0.8 ?
2. Дали може твојот веќе пробан аудио фајл да го прикачиш како пример ?
3. Ако gain-от е поголем од пресметката, што е проблемот, дисторзија или оштетување на компоненти ?
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Genessis 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Подесување на појачало со помош на мултиметар
« Одговори #5 на: 02 Мај 2017, 22:02:19 pm »
1. Што е 32 и зошто се множи со 0.8 т.е. што е 0.8 ?
2. Дали може твојот веќе пробан аудио фајл да го прикачиш како пример ?
3. Ако gain-от е поголем од пресметката, што е проблемот, дисторзија или оштетување на компоненти ?
1.Вака тоа 32 е максимумот до каде може да се појачи моето радио(во други случаи и радиа би било сигурно другачие), е сега некој просек се смета дека 80% од тоа или истото помножено со 0.8 , се добива онаа бројка на колку треба да биде појачано радиото за која се смета дека е чист звук т.е без дисторзија.
2.Додаден е линк во првиот пост
3.Најдобро е кога го покачувате гаинот да не се отиде над пресметката, бидејки после тоа се јавува дисторзија на звукот, т.е синусоидата станува не правилна на краевите што резултира со дисторзија која што ја спомнав.
« Последно менување: 02 Мај 2017, 23:43:12 pm antibiotic1 »
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10462
Одг: Подесување на појачало со помош на мултиметар
« Одговори #6 на: 03 Мај 2017, 16:37:42 pm »
0.708.. ако го извадиш мамсимумот од појачалотоќе добиеш праоаголници, што соодветствуваат на 0.708 не дисторзирана амплитуда. Ако појачалото работи во д-класа подруг е муабетот.
Може и на тој шумот меѓу станиците да се штелува што би требало да е нај правилно.