Здраво, треба да патувам во странство, конкретно Бугарија и да бидам таму кога регистрацијата ќе ми истече соодветно и зелениот картон.
Значи треба да да одам на 23-ти Јуни, и да бидам таму до 3-ти Јули, а регистрацијата ми истекува на 29-ти Јуни.
Кое е решението за овој проблем, дали може на пример на 22-ри да се регистрира? И од кога ќе важи? Дали од 22-ри или од 29-ти?