Услужен оглас, помагам на брат ми
али кај мене е количево деновиве и за промена од моето точаче ова е ракета, е сеа трошач си е ко што гледам по бордот, или мене дека ми е мерак малце поагресивно го возам
до 2700-3000 е релативно културно возило(голем турбо лаг), али над тоа чуда се случуваат озбилно многу брутално турбо има.
удобна е до бескрај, значи озбилно се неам возено во поудобна кола
но..
тоа не носи до според мене најголемата глупост што можеле да ја направат во VW и ставиле ваков мотор со такво меко подвозје.
во долги кривини е стабилна колата, ама на нагли промени во движење мене искрено ме плаши колку е лабава, во споредба со
цивик од 99, исто лабава али далеку од тој мотор
ц-класа180 2002 аутоматик , исто доста поспора, али неспоредливо управување по криви и чуда без најмало колебање во држење правец
и опел сигнум 2,0т со спорт подвозје, близу картинг али најпрактично чудовиште за фамилија и доста брзо за габаритот.
back to the car...
изгледа доста доста зачуван и надвор и внатре не само за километрите (255К) туку и воопшто, нема гребаници по надворешност, внатре ништо искинато (освен мали гребаници на тоа гумираното на рачките на вратите) дури и воланот е ок, на старата хонда на 230к се распаѓаше буквално се ронеше, овој е само измазнет малце од фабрички рапавата текстура.
менувачот работи топ, при менување нема трзање, мрдање звуци и ништо од тоа,
али лично мислење, VW може вода да им носат на мерцедес за авто менувачи. на мерџото е многу по "паметен" менувачот. Точно си знае дали е угорница, удолница товар се, додека овој малце неодлучно ми делуваше нагоре по водно па си решив попаметно ми е во мануален мод да си одам.
Еден газда од 2009 до пред недела дена, увезена на 90к од германија (мислам) и ги има сите ф-ри од сервиси од тогаш до сега првите години во Porsche потоа некој ванчо под кале некаде, речиси сите 170к се направени скопје-тетово (стан скопје-работа тетово) 4 пати неделно, х 52 недели годишно х 8 години = 166к
со вакво возење и оваа км претходниот газда стварно не знам при која памет не земал барем дизел или плин да и ставел ќе заштедел 10к евра али јбг.
опрема фулл од нормалните опции клими, ел. прозори, ретровизори бла бла (иако покрај моторот и менувачот првиот газда можел и за Highline да фрли усте некое евро али јбг) али ги нема луксузите кожи, крем штоф (убаво ќе беше) дрва чуда али доплатил човекот за навигација битно
бандажи OZ купени од тда мислам пишуваше во тоа сметките Кои ич не ми прават кеиф али добра вредност за да се смени со нешто поскладно, гуми Dunlop Sport BluResponse 205/55 R16
ребраст сменет 2016 некоја не знам има ф-ра,
редовен сервис на масло во менувач и филтер исто 2016
масло и филтри 02.2017
предница исто така сменета цела
звучници задни ставил јбл од новус, ама некако му фали басче на озвучењето
..толку од мене, ако има некој заинтересиран нека отиде нека си ја види, провери колата по сервиси и нека си се пазари со бате
цена 3850е почетна, али не му е фиксна мислам