Автор Тема: Opel Vectra B  (Прочитано 5141 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Opel Vectra B
« Одговори #15 на: 29 Октомври 2013, 17:19:04 pm »
Ми треба малку помош од поискусните, дисплејот што покажува температура, време и радио не работи, копчињата не му работат за да се намести, овој дефект го имале 99% од вектри од овој тип.

Уште 1 случај кај сите вектри е со аир бет кој не работи, проблемот е во седиште на возачот, ми кажаа да најдам отпорник 3.3 оми 0.5 волти, ама нема никаде во Куманово, ако има некое друго решение кажете.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Opel Vectra B
« Одговори #16 на: 08 Ноември 2013, 21:41:50 pm »
Со здравје да ја возиш добро изгледа како си задоволен со моторот исти мотори возиме јас само во Астра,па можи некои информации да размениме.Казими колку ти е потрошњата во град и на отворено и има ли снага во вектрата оти е малку по тешка шасијата позз..

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Opel Vectra B
« Одговори #17 на: 08 Ноември 2013, 22:29:54 pm »
Mnogu dobra vectra b i eden od najizdrzlivite motori. So reparirana pumpa ke tera uste 500000Km. Samo kvalitetna nafta. Crvena da ne si pomislil.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Opel Vectra B
« Одговори #18 на: 03 Јануари 2017, 18:44:01 pm »
Да дигнам една тема од мртви. Колава моментално има околи 220.000 пројдено и има проблем најверојатно со електроника на бош пумпа, стандард проблем кај овој мотор. Во град е супер ама на автопат знае да светне сијаличката за мотор и колата не прима гас, после некое време се гаси и се е нормално. Ова се случува само под 2400 обртаи, ако ја возам над 2400 нема проблем. Ја носев на неколку мајстори и сите ми кажаа различно и никој не се нафати да ја прави. Али најчесто добив одговор дека треба да се репарира бош пумпа. Во Бугарија е репарирање околу 100е а кај нас половна 200е што јас успеав да најдам. Визуелно има неколку места да се потсредат и на неколку места има покажано корозија. Редовно сервисирана и одржувана на 10.000 км. Моментално со зимски гуми од кои 2 ке издржат уште оваа сезона а другите се добри.

99% оди на продажба па барам проценка колку би можел да добијам да не ја средувам јас. Доколку има некој заинтересиран нека ме контактира ке се договориме.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Opel Vectra B
« Одговори #19 на: 03 Јануари 2017, 23:49:37 pm »
Па не ли ја репарираше бош пумпата пред 40 000  км тоа што ти свети сијаличката не мора да значи дека е бошот проблем, може ЕГР от или вакумот да заебава исто и затната катализатор ја пали таја ламбичка видите на дијагностика .....

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Opel Vectra B
« Одговори #20 на: 04 Јануари 2017, 00:27:26 am »
Бош пумпата е репарирана во Бугарија. Бев на неколку дијагностики и сите ми кажаа различно и не ми се даваат пари за кварови што може да не го средат проблемот. Никој не се нафати да ја прави на негов ризик, сите ми зимаат пари за дијагностика и никој несака да ја прави. Носи ја таму, носи ја ваму итн. Си купив нова кола и оваа сакам да ја откачам за поефтина цена па тој што ке ја земе нека ја прави. На мене е да кажам дека има проблем, да не испадне сум преварил некој.