Автор Тема: Правила за кола на бугарски табли  (Прочитано 9901 пати)

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Правила за кола на бугарски табли
« Одговори #15 на: 14 Декември 2016, 09:12:13 am »
Чудно......... последен пак кога проверив UK уште беше во EU.

https://europa.eu/european-union/about-eu/countries/member-countries_en

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Правила за кола на бугарски табли
« Одговори #16 на: 14 Декември 2016, 09:48:46 am »
Денеска праев муабет со еден другар што работи шпедиција.
Значи според законот, вкупно 6 месеци во годината може да се вози кола на странски таблици на МК територија (ако памтам добро Истанбулска декларација ор сомтинг) безразлика колку пати правите влез/излез од државата.

Проблемот е што во Истанбулската декларација јасно е дефинирано вкупно 185 дена или шест месеци во една календарска година. Исто е спомнато дека и царинската служба е надлежен орган да врши контрола и води документација за тие возила и стоки. Се разбира има и исклучоци (ако возилото е на фирма), ако сопственикот е со привремен престој/работа/студии кои траат подолго од шест месеци.

Во македонскиот закон за привремен увоз на стоки, не е дефинирано ништо од тоа. Таму е лепнато шест месеци во година и е отворено за најразлични интерпретации. А да не правиме муабет за лица кои се исселени од Македонија (барем по документи).

Во Германија, конкретно е лесно. Царина го собира данокот за возилата. Ако возиш на таблици од друга ЕУ држава, а живееш и работиш во Германија, тоа се смета за прикривање данок. А прикривање данок е кривично дело. Но, ако возилото е на човек-фирма, кој работи и печали пари како правен ентитет, си плаќа даноци, не му можат ништо. Единствено што ќе го натераат е да мине германски технички преглед, ќе ги утврдат еко нормите на колата и ќе мора да си плаќаш данок.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.