Што ни е потребно:
-Мултиметар
-Калкулатор
-Колкав отпор има звучникот кој ке биде поврзан на појачалото.
-Колку RMS излегува од појачалото.
Подготовки:
-Радиото го пуштаме на резултатот од Макс јачина * 0.8( во мојот случај 32 * 0.8 = 26)
-Сите подесувања на радиото ги ставаме на фабрички , како на пр.: bass, fade и тн.
-Го откачуваме звучникот за кој го вршиме подесувањето, бидејки нема потреба истиот да биде поврзан додека подесуваме.
-На радиото пуштаме трака погодна за тестирање, јас во мојот случај користам 40Hz тон.
https://www.dropbox.com/s/c6qtkakt2oyghc7/40Hz%200dB.mp3?dl=0-Подесувањата на појачалото исто така ги враќаме на фабрички т.е почетни подесувања.
Пресметки:
формула- V = √P * R
P = ватите од каналот на појачалото којшто го подесуваме
R = отпорот на звучникот кој ке биде поврзан на овој канал.
Во мојот случај: квадратен корен од 200w * 4 = 28,28волти
Подесување:
Го поврзуваме мултиметарот со каналот од појачалото кој што сакаме да го подесиме, плус со плус, и минус со минус, и мултиметарот го ставаме на AC Voltage(најизменичен напон).
Траката од 40Hz ја пуштаме да врти на радио.
Го покачуваме Gain на појачалото се додека на екранот од мултиметарот не добиеме бројка приближна , но не поголема од резултатот добиен од формулата погоре, во мојот случај заокружено на 28волти
Се надевам дека на некому ке му послужи како што ми послужи и мене.