Автор Тема: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел  (Прочитано 3151 пати)

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« на: 08 Декември 2016, 21:05:47 pm »
Здраво дечки. Имам Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел и при прво палење на утро мириса од климата на гориво. Направен е редовен сервис, сменет полен филтер, изчистена е климата со сретство за дезинфекција. Дали некој имал ваков проблем и дали некој има идеја што би можело да е проблемот?

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #1 на: 08 Декември 2016, 22:57:08 pm »
да не ти тече гориво од некаде малку или нека ауспухот ти диши малку, ама па викаш само наутро ти мириса, во гаража ако ти е да не е заради тоа?
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #2 на: 08 Декември 2016, 23:01:56 pm »
Не е во гаража, пред зграда стои. Чудно ми е оти нема капено ништо долу на земја каде што стои и само на првото палење мириса на сабајле, или ако излади целосно,  пример цел ден на работа и кога ја палам после 8 саати, инаку не мириса.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #3 на: 08 Декември 2016, 23:07:16 pm »
Треба да се види на првото палење да не подчурне некаде малку, дали од егр или некоја друга клапна, потоа да го однема, колку време мириса одкако ќе запалиш?
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #4 на: 08 Декември 2016, 23:11:19 pm »
Па мириса може 10-15 минути, дури загрее. А некој добар мајстор ( механичар/електричар ) за Honda да ми препорачаш да не знаеш?

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #5 на: 08 Декември 2016, 23:14:44 pm »
МИслам дека нешто околу егр те зеза дефинитивно, испушта чад некаде додека не затвори, незнам да ти кажам, не сум од скопје.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #6 на: 08 Декември 2016, 23:14:55 pm »
Еве ти сервис за Хонда..... Празно! Свети! Не се расипува :D


Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #7 на: 08 Декември 2016, 23:15:40 pm »
Фала ти, ќе го проверам егр и детално моторот да видам дали и некое цревце е лабаво или за менување.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #8 на: 08 Декември 2016, 23:33:48 pm »
Низ странските форуми е релативно често спомнуван проблем со пукнатини на издувната грана. Некаде прочитав и дека имало некаков повик од производителот за менување на некои делови по издувот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #9 на: 08 Декември 2016, 23:41:11 pm »
Од се што прочитав по странски форуми и страни пишуваше само да исчистиш клима, да смениш филтер, да провериш дали има дупнат ауспух..не најдов негде конкретно дека некој нашол црево скинато или нешто друго. Имаше еден пример, вели нова со 6000km поминати почна да мириса, ја вратив во салон и му рекле дека не можат да најдат да капи нешто и не го решил проблемот.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #10 на: 09 Декември 2016, 09:08:04 am »
https://www.google.com/webhp?sourceid=chrome-instant&ion=1&espv=2&ie=UTF-8#q=exhaust+fumes+inside+civic+2.2+cdti

Овака од брза рака. Ми текна за тоа што сум го читал, бидејки пред некое време размислував да си купам хонда па читав искуства, проблеми, итн, па прочитав и за тоа. Интересно е што хонда не давала гаранција за тој дел, на луѓе кај кои им се појавил проблемот во гарантниот рок.

Во најголем дел викаат exhaust manifold crack. Не би требало да биде тешко да се провери да се види дали е до издувна грана или не.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #11 на: 11 Декември 2016, 22:06:44 pm »
Luki Junior Го открив проблемот. Хондата зема воздух од пластиката од каде што прскаат прскачите за брисачи. Под хаубата таа пластика била откачена и наместо да зема воздух само од надвор го земала од моторот и цел во кабина. Ја наместив во жлебовите и повеќе не мириса, само мноогу малку при палење, и тоа да застаниш со нос на вентилатор да мирисаш, ама тоа е најверјатно заради тоа што е загаден сега филетерот за воздух и целиот систем оти 2 месеци ја возев така.

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #12 на: 11 Декември 2016, 22:09:08 pm »
Еве ти сервис за Хонда..... Празно! Свети! Не се расипува :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Хахаххаха... Од многу луѓе сум слушнал дека не се расипува Хондата, ама ќе видиме, кратко време ја имам јас :D

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #13 на: 11 Декември 2016, 22:45:43 pm »
Ааа така видиш ситно нешто, а ние овде ќе си брбламе :) смени полен филтер и вози :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен dekiomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со Honda Civic 2006 2.2 140hp дизел
« Одговори #14 на: 11 Декември 2016, 23:05:26 pm »
Ааа така видиш ситно нешто, а ние овде ќе си брбламе :) смени полен филтер и вози :)

Да да, остана уште полен филтер и треба да е се ок. Пишав за да знаете ако ви се деси нешто слично или на некој кој го познавате да проверите и таа пластика пред да почните да отварате поголеми рани во моторот :)