Не купувам од оние тач-ап сетови што се со четка. Купувам боја само, имам многу, многу тенка четка со крути влакна (мислам дека околу 400,00 денари ја платив), а имам и вакви...
![](https://i.ibb.co/x3nwvq1/carchemicals-carchemicals-touch-up-sticks-triple-p.jpg)
Зависно од оштетувањето, четката ја користам баш за ситни оштетувања, додека стапчињата за покрупни, каде мора да ставиш малку вишок боја, пошто нели, кога ќе се исуши - ќе легне и ќе ја пополни дупката.
А инаку, за бојата, ги терам кога мешаат да стават и малку безбоен лак во мешавината. Така е поцврсто, побрзо се суши и нема потреба од лак врз бојата.
Наредно, ќе ја пробам техниката со шприц и игла.