Автор Тема: Mercedes Benz C200 Kompressor  (Прочитано 15804 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #45 на: 16 Ноември 2016, 10:16:23 am »
Со млада мечка нема утка.
Со среќа да се вози.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #46 на: 16 Ноември 2016, 10:34:45 am »
Одличен резутлат. за споредба 195 оди 2002 C220CDI 143ps со пола милион км на едната, 200кмх на другата, подолгата. И пак троши 6 литри во просек ;)


Мојата загадува помалку.  :D

Тоа сигурно, пошто мечкава има дизни за менување. Чади.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #47 на: 07 Март 2018, 21:42:08 pm »
Апдејт на темава?

Како служи колава? Плин да не попила у меѓувреме?

Го читав тестот на Аутобилд со 400.000 км, чудо од издржливост.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #48 на: 07 Март 2018, 22:18:16 pm »
Апдејт на темава?

Како служи колава? Плин да не попила у меѓувреме?

Го читав тестот на Аутобилд со 400.000 км, чудо од издржливост.

Немам што да абдејтирам, во споредба со претходното Мондео дизел, овој е досаден (да не го заречам)  :D. Летото моите ми беа на гости со него. Шетавме до Белгија, Холандија, низ Германија.  А тие низ Словенија и низ Хрватска да се потсетат на поранешната заедничка држава и да се видат со роднини и пријатели. За 20ина дена помина нешто над 6000 километри. Досега три пати менувано масло и филтри, еден пар зимски гуми и километражата на шалт табла е околу 100к километри. Во моја (наша) сопственост околу 40 000 за речиси две години. Освен проблемот со имобилизерот (детска болест) друго ништо.

Сега во Март кога ќе си одам, ќе му купам нови летни гуми затоа што тие што ги имам се со ДОТ 2010. Со пензионирањето на татко ми сега во Јуни, ќе се вози поретко локал, почесто на подолги релации за шетање по Балканот и Европа. Плин за сега нема, и не верувам дека и ќе има. Полесно би прежалил пари за џипче/мало количе отколку да го касапам.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #49 на: 13 Август 2018, 20:27:40 pm »
мечкава во живо е пандан за повеќето мерцедеси во шупаков наш наречен држава... за пензионер, боље нема.. за млад, неженет и надежен дупач без многу кеш исто така боље нема... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #50 на: 07 Октомври 2018, 14:18:38 pm »
Пред три дена променето маслото со сите филтери (масло, воздух, клима). Ставено Мобил 1 0w-40 ESP. Од претходниот сервис минатата година поминати околу 17-18к километри. Разликата помеѓу дотуреното и “потрошеното“ масло во тој распон околу 200мл (не знам дали тоа што е фрлено од филтерот/кутијата е ставено во пресметката). Како и да е, се е во границите на нормалното.
Променети свеќиците. Глицеринот тестиран 99,5% е чист. Го купив, ама најверојатно догодина ќе го сменам.

Инаку, направи над 108 000 километри, 43к во моја сопственост. Сега за сега, му доаѓа околу 22к километри годишно. Можеби требаше сепак да биде дизел со оглед на километражата на годишно ниво. Но што е, тука е. Како што разбрав вчера, можно е во Декември да патува за Македонија-Германија и обратно. Моторот, силата, подвозјето, внатрешноста, надворешноста е потполно иста како денот во кој го купив. Во секој случај, спреман е за нови 20к километри до следниот сервис.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #51 на: 21 Април 2020, 13:18:08 pm »
Сменето масло, филтри (масло, водзух, клима), глицерин и ставен летен сет гуми на мечето. Поради кражба на зимски сет на гуми, пред некој месец му купив втор пар алуминиумски бандажи. Сега и летниот и зимскиот сет се на алуминиумски бандажи.

Проверено подвозје, тип топ и се спремен за наредна сезона. Километража на тахо, 123к километри. 57к километри во моја (наша) сопственост и сеуште се однесува како денот на кој е купен.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #52 на: 25 Април 2020, 21:31:21 pm »
Da ne ima mozebi nekoja misla okolu prodazba na vozilovo? :)
« Последно менување: 25 Април 2020, 21:47:56 pm Auto »

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #53 на: 26 Април 2020, 07:31:48 am »
Da ne ima mozebi nekoja misla okolu prodazba na vozilovo? :)

Такви размислувања сеуште немам.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Mercedes Benz C200 Kompressor
« Одговори #54 на: 31 Декември 2020, 12:38:23 pm »
Инаку, потрошувачката за година и пол возење и скоро 16 000 километри. Последен пат е ресетиран од мене во Август 2019та и сега го ресетирав во Декември. Во таа потрошувачка има градска, локална, на отворено и автопат. Возен е доста динамично и со многу престигања (стариот вози многу поагресивно од мене).

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.