Автор Тема: Поправка на паркинг сензори (Мерцедес)  (Прочитано 2692 пати)

Отсутен iDiesel

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Здраво.
Бидејќи често имам прилика да возам различни автомобили, имам забележано дека голем дел од нив имаат проблем со фабричките сензори за паркирање бидејќи ретко кој се нафаќа да ги поправа.
Конкретно во мојот случај на мерцедесот имам фабрички вградени паркинг сензори напред и позади и функционираа одлично се до пред неколку месеци кога одвреме навреме почнаа да прекинуваат да работат па повторно да проработуваат се до пред 1 месец кога тотално прекинаа со работа и единствено што гледав се двете црвени цртки кои означуваат дефект во системот (дури и ако само 1 сензор не работи тогаш целиот систем се исклучува).

Најлесно некој ќе каже : извади фабричките, вгради си тие од ebay и нема гајле. Ама јас сакав да ми работи фабричката инсталација со фабричките дисплеи и се тоа затоа што се идеално монтирани и изведени.

Е сега, овој проблем што не функционираше системот може да се реши доколку паркинг контролерот е поврзан со ECU-то и истиот да се истестира преку компјутер но за мерцедес STAR дијагностиката е премногу скапа инвестиција доколку професионално не се занимавате со сервис на мерцедес. Иако имам дијагностика за повеќето возила, за мерцедес немам па тргнав по подолгиот пат преку кој заклучив дека : мерењето на секој сензор поединечно со помош на мултимер на сите контакти (во случајот 4) нема да ви помогне без разлика дали сензорот е добар или не.
Така, решив да расклопам еден сензор и да видам како всушност тоа изгледа од внатре




Значи стигнав до тука и малце потешко излегуваше сивото капаче како на фотографијата погоре. Повлеков и излезе, и што да видам: црна растопена материја внатре мека како гума и 2 контакти на сензорот.


Не можев да разберам што е тоа и мислев дека „прво па машко“ го погодив изгорениот сензор. Ајде реков ќе отворам уште еден и кога гледам истото и кај него. Погледнав поубаво и тогаш всушност видов дека од контактите на сензорот излегуваат 2 жички тенки како влакно и одат кон врвот на сензорот кој веќе го одвоив. Сватив дека јас 2 сензори расипав  :o Кога веќе бељата беше направена со сензорите кои можеби работеа реков да откријам што се крие на врвот од сензорот.

Тоа е всушност пиезо ултразвучен генератор со чија помош сензорот ја детектира далечината а бидејќи овие уреди работат на фреквенција од 40kHz потопени се во гумено/силиконска обвивка како би ги намалиле загубите и грешките во отчитување (изгорената пластика која мислев дека е нешто што не е во ред).
Тука веќе не смеев да одам понатаму со отварање на сензорите и открив дека сензорите всушност кога нежно ќе ги допреш испуштаат пулсирачки звук кој е многу тивок но сепак може да се слушне. Од еден на друг сензор ги проверив сите но 1 од нив не даваше звук. Тоа беше сензор кој имаше и физичко оштетување (мало вдлабнување при допир со предмет) кое всушност го одлепило пиезо генераторот и затоа не функционира. Еве како изгледаше тоа оштетување


Сега се јавив во неколку локални сервиси и отпади што растураат мерцедес да си побарам 3 сензори (2-та што јас ги расипав и 1 дефектен) и „пријатно“ ме изненадија со цената од само 30 евра по сензор. Епа не ми се даваа 90 евра за 3 сензори и се фатив за работа да промозгам што може да направам. Ми текна дека имам 1 сет од 4 сензори од ebay купено онака да ми се најдат ако треба да монтирам на некој да не чекам и земав да ги растурам да видам дали би биле од корист





Сега веќе ви изгледа познато? Тоа е речиси истата капсула како и капсулата од оригиналниот сензор. Жртвував еден сензор (од тие од ибеј) и го отворив за да бидам сигурен дека и тој работи на истиот принцип како и оригиналните и одлична вест беше тоа што и тој го имаше истиот тип (дури и дијаметар) на пиезо генератор како на слиаква подолу


Разликата во ОЕМ сензорите е што електрониката и генераторот на импулси е на самиот сензор додека кај aftermarket (оние од ибеј) се со генератор на импулси во самата контролна кутија што всушност ми го даде одговорот на прашањето зошто кабелчињата се coaxial. Затоа не е така едноставно да замениш OEM со aftermarket сензор ! Но, реков дека нема што да изгубам и се фатив да ги пробам капсулите на оригиналните сензори. Земав тенки кратки жички и ги залемив aftermarket капсулите на нив

Секако мораше и силикон + да ги офарбам во бојата на каросеријата


И еве го финалниот резултат (пред да го офарбам)


Оттрчав брзо да ги ставам на кабелчињата и..... ДААА  :D функционираа беспрекорно !!!!!
Намонтирав на лајсната


Еве ја разликата од ОЕМ сензорот (десно) со мојата креација (лево)


И, нема веќе црвени цртки кои укажуваат на проблеми


Се надевам дека ова ќе им помогне на сите кои имаат проблем со нивните паркинг сензори и идеи за тоа како да си го решат проблемот. Имам уште многу вакви туторијали со фотки ама кој да ги стави се нема време  :). Не знам дали може да се стават тагови за сите кои пребаруваат на google да си најдат решение. Ако знаете кажете ми или пак овде во пораката да си ги пишам?
Поздрав
Ако се наоѓате во возило кое се движи со брзина на светлината, што ќе се случи кога ќе ги вклучите светлата?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Поправка на паркинг сензори (Мерцедес)
« Одговори #1 на: 02 Мај 2015, 18:14:42 pm »
браво момак....

ваква тема е за почит... секоја чест.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Поправка на паркинг сензори (Мерцедес)
« Одговори #2 на: 02 Мај 2015, 18:29:29 pm »
Браво. Слободно ставај и другите твои туторијали! :) Сигурно се многу корисни како и овој!

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Поправка на паркинг сензори (Мерцедес)
« Одговори #3 на: 19 Октомври 2016, 09:17:19 am »
Можеби е оф топик бидејќи постов е за Мерцедес но и јас го имам истиот проблем на Цитроен ц5, односно задните паркинг сензори, работат кога ќе им текне.... дали проблемот може да се види со дијагностика или како поинаку? Да не ги демонтирам џабе да не е друг проблем. Исто така симптоматично ми се случи да кога ќе ги уклучам греачите на задно стакло, фрлаа искра и радиото зуеше, штом ги исклучам радиото нормално работи. Исто така и тоа на моменти. Некој совет?