Лично искуство со Корса Ц 2006 1.2 твинпорт 8,7 литри на 100км во град, 7,6 на отворено, а 10 на отворено на 140+ км/ч, инфо од ОБД тестер.
Корса Ц 2006 1.4 твинпорт 7,5 литри градска а 6,9 литри на отворено.
Астра Г класик 2009 година,1.6 плин, 9 плин низ град а 8 плин на отворено.
206 караван 1.4 хди од 2002 година 6.9 градска, а 5,2 отворено.
Стило 1,9 јтд 2005 година, 7,2 максимална градска и 5 минимална отворено, моментална просечна 6,6 со 85% градска вожња.
Сите податоци се за градска просечна дестинација од Карпош 3 до нова железничка во период 9ч. наутро, 15ч. по пладне, 18ч. попладне и 22ч. навечер со нормално возење, траење на патување околу 20 минути. Со доза на исклучоци во време на патување и дестинација.
Отворено се возени Карпош 3 - Солун - Космос или Калитеа, со брзини од 110км/ч до 140+ км/ч.
*стилото кога извади 5 се правеше патот Велес - Скопје и беше возено со брзина до 90км/ч од патарината Градско до Скопје.
со потрошувачка на бензин од 8+ литри во град за 1000 денари се извозуваат просечно 180 км судено по цените кои се актуелни и променливи +/- 10%.
со плин и потрошувачка 10+ литри во град за 1000 денари се поминуваат околу 300 км.
со нафта и потрошувачка околу 7,5 литри во град се возат околу 250 км