После пола ден барање делови по отпади, ги комплетирав сите потребни делови.
-Држач на мењач
-Шалтер за мењач
-Селектор за брзини
-Налетав на уште еден сет лајсни ГТИ (странични)
-Замаец
Меѓу другото, налетав и на вакви држачи на стубот позади вратите, комплет двата во одлична состојба.
Го надополнуваат тој ГТИ изглед, и лично за мене, далеку поубаво изгледаат од обичните закачалки што најчесто ги има кај повеќето Голфови.
Btw деновиве кога ќе стигнам ке објавам нови слики, се прскаше заштита под колата пред некој ден, и се чистеше и фарбаше подвозјето.