Ташаци добра висина, не зафркавај, во моментов е спремен за ридско-планински трки.

Како кај сите нови амортизери и спирали, ке им треба некое време за да си легнат на таа висина што треба.
Земено во обзир дека сега се наместени на гола школка, нормално дека ке изгледа вака.
Тек кога ке се местат стакла, врата од багажник, ентериер, гориво во резервоар, и еден другар од 120 кила што ми е предвиден за ова, ке си легнат таман на висина.

Вилушките како што кажа ти според сликата што ја прати, таму кај што треба димензиите се исти, па нема да има проблеми.
Нема да има потреба од преправки, потврдено и проверено.
Sent from my SM-G925F using Tapatalk