Вака имам еден проблем и ај да споделите некој некакво искуство или знаење било што, да пробаме да откријаме што можи да е пред да ја носам на мајстор и ако испадни тоа во што се сомневам сакам дома да го средам поквалитено од колку на мајстор... јас се сомневам во регулаторот за под мала туража или она tortle body/клапна или што и да е.
Овие се симптомите
- нерамномерно работење под мала туража, обртаите варираат, некогаш работи на над 1000 рмп, а некогаш е пред гаснење
- трокирање при мали обртаи (до 2 500 рпм),нагоре се е како што треба, најчесто дури е ладна
- детонации низ ауспух(пув,пув,пув
) при слегвање на удолница без туража до 1500 - 1700 рпм, во прва брзина се најгласни... над тие обртаи детонациите ги сменува
- исто детонации и при менвање од повисока во помала брзина при отпуштање на кумпугот
- нагло сецкање при пуштање на туражата, значи возам 10-20 км/х со минимална гас и при пуштање на гаста колата силно сецнува истото го прави и при притискање на туражата
- ретко знае да сецни еднаш и на повисоки брзини и обртаи
Тие се симптомите... не му е прв пат, само претходниот пат кога се деси вака се опрај сама од себе и не успеав на најдам до што е...секогаш кога ќе почнат да играат обртаите под мала туража се јавуваат овие симптоми.
Мислење ?