Автор Тема: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign  (Прочитано 3022 пати)

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« на: 16 Мај 2016, 05:58:52 am »
Досега само го читав форумов, сега решив да се зачленам пошто имам едно прашање во врска со Вектра. Ама, не сакав првиот пост да ми биде директ со прашања, посоодветно ми се виде прво да се претставам со колата.

Опелов го имам 2 години веќе, втора кола во животов ми е (прва во моја сопственост). Претходно 8 години се изнавозев Daewoo Racer од 1994, на татко ми беше, додуша повеќе фамилијарна беше пошто ја купивме со оштета што зема сестра ми од сообраќајка. Се изнаучив што се изнаучив да возам на Рејсерот, ми остана у срце, ама редно време беше да купам моја кола пошто бев пред женачка.

Кога се решив гледав огласи едно 2-3 месеци, не дека се разбирам многу од коли, ама љубител сум донекаде, поготово да читам историјат на модели што се произведувале низ историјата, кој какво влијание имал во автомобилството итн итн. Сакав Ауди А4 да купам, караван (мерак имам на каравани од мал), ама татко ми ме разубеди, као, дај ке прашаме еден познаник што носи коли, може има нешто на лагер и така стигнав до Опелот. Не гледам нешто многу сопственици на Вектри на форумов (веројатно со причина), освен еден што видов.

Џабе што чоеков што ни ја продаде ни беше познаник (татко ми му имаше нешто помогнато во минатото) испадна апаш и ни ували Опел со расипана бош пумпа, и уље течење од 3 места. Па уште и ни се понашаше зашто он да ни плаќа поправки. Од прв ден проблеми со палење (ја враќаше нафтата, а итриот намонтирал пумпица за ако не пали да си пумпам прво), па го натеравме да ни плати сервис. Не однесе кај еден Бубо кај Канал 5, демек Опели поправал, ама џабе, неспособен механичар испадна. Мислам дека прочитав за истиот на тема на друг член што си купил Зафира (http://forum.carclub.mk/index.php/topic,18994.0.html). Ја пратиле демек пумпата во Кавадарци, ја поправиле таму, мада не ми се верува, мислам дека овој ја поправал монтирал и после еден месец ја добив назад колата.

После 6 месеци пак заебава со палење. Го барам мајсторов пак му досаѓам, ме матка јави ми се утре, задутре, ова она, почна да не ми крева. Се изнервирав земав најдов друг мајстор (Мишко од Лисиче, скупџија, ама бар вреди), му реков среди ја квалитетно, биди фер, пошто преку глава ми е. Ми ја среди тип топ пумпата, затвори кај што течеше уље и ми објасни дека кога ја враќал пумпата претходниот мајстор (неспособниот Бубо) престегнал нешто заебал работа, и плус ја поправал ко што не треба (се гледало точно кај чепкал). Башка крпел со неквалитетни материјали (пошто нели од тој што ја купив плаќаше, па може и по негова наредба праел така). Небитно, коа му ја однесовме му рековме „ако сакаш да те бие добар глас, среди ја колава“. Ама изгледа нејкеше...

Мишко си среди работа, еве година скоро не ми направила проблем, да не се урочам.

Сеа знам дека ќе има коментари дека сум требал да купам друга кола, сум се заебал, подалеку од Опел Вектра со над 2000 кубика... знам, али било је :D Тој муабет го чув откако ја купив.

Првата година имав ненормален нагон да ја продадам, ја турав по огласи, ама не успеав ради проблемот подоле што ќе го пишам. После тоа се откажав и сеа си ја возам. Почнав да ја полнам со дечиња (ми се роди ќерка скоро), па што е тука е.

У глобала топ ми е колата ко за мене, комотна, широка, багажник огромен (кауч колкав иам набутано у него тоа беше чудо), башка ми користи за со бендот коа одвреме-навреме треба да се пренесува опрема. Не троши нешто многу, поготово на отворено, мислам дека пресметав дека 6 троши на аутопат, а 7-8 низ град, зависи колку напорен е сообраќајот. Арно ама...


« Последно менување: 16 Мај 2016, 08:29:46 am NikolaG »

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #1 на: 16 Мај 2016, 06:14:46 am »
Бре бре поотворено претставување у гаража на форумов не сум видел... Свака част за нервите...
Со здравје да те служи караванчево.

Гледам сликиве од интересно место ти се. ;D

http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/bogati-i-slavni-22

И нека е жива и здрава ќерката, голема да расте. :)

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #2 на: 16 Мај 2016, 06:48:36 am »
Фала да си дочекаш. Имав мои слики, ама избришани ми се (башка ме мрзи да идам надвор сеа да ја сликам), а ми текна дека некој се дрзнал у маало да ми ја слика колата како демек „види го овој, на трева се паркирал, сеа ќе го турам на интернет“ па ги искористив тие слики :D Појма нема паметниот што сликал каков проблем е овде за паркирање, и што се не се паркира на тој тревник (од мотори до камиони, трактори, и камили уште малце) :D Откако почнаа згради да прават наоколу хаос стана овде со коли...

Засеа служи караванчево, арно ама, да пишам и проблемот.

Ја неам осетено колава асално уште кога ја купив 2014та пошто одвреме-навреме гуши на гас. Ми кажаа дека тоа е до ЕГР вентилот (знам уште двајца што имале таков проблем, еден со Зафира, друг со Астра, слични годишта ко мојата). Па ме пратија да ми ја средат у Бутел (т.е. на граница со Радишани е сервисов, кај полицијата). Таму го вадеа компјутерот, бришеа грешката, дадов 5 и пол илјади и терам така од тогаш (година веќе). Проблемот пак постои, има некое подобрување, на пример пред да средуваат многу подолго беше гушењето и повеќе требаше гас да се даде за да ја снема сијаличката за моторот. Чим ја снема сијаличката не гуши.

Откако ми ја средија не се палеше сијаличката, не гушеше толку многу, имаше подобрување, ама после неколку месеци пак почна да свети, со тоа што сепак не гуши толку како кога ја купив, значи пак подобро колку толку е.

Кога ја носев да го средуваат ова им кажував дека читав на интернет како го средуваат проблемот, дека некои тураат плочка кај што е вентилот и го тргаат скроз, ама ко да нејќеа да ме слушнат што зборев, или пак не знаеа што им зборам. Нов, а и половен да се тура не се исплати пошто се жалат луѓе често овој проблем се случува и покрај тоа што ќе мењаваш вентилот. Некои читав го чистат редовно па така им се оправа, ама не сум толку кадарен да го чистам.

Сакам да кажам... кој има искуство со овој проблем и дали турање и плочка комплетно може да го отстрани глупиов проблем? Има ли некој што го прави тоа?
« Последно менување: 16 Мај 2016, 07:14:48 am NikolaG »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #3 на: 16 Мај 2016, 08:08:22 am »
Уствари не била расипана колата туку мајсторот. :)

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #4 на: 16 Мај 2016, 08:25:53 am »
И мајстор и кола :D Покрај расипана пумпа, губење уље, ова со ЕГР беше дополнително за да ми го засоли искуството со првата кола што сум ја купил од мои пари :D

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #5 на: 16 Мај 2016, 13:27:54 pm »
Супер ти е колата брат уствари го возиш најдобриот мотор  2.2 дти на опел кој троши помалку и од 2.0 дти 2.0 ди а повеќе снага имаш со еден ремап оди до солидна коњажа .....Разликата мегу овие мотори е во турбината(варијабилна е кај тебе) и има подолг од на клиповите другото е се исто со 2.0 и сите делови одговараат..... Кај тебе каков е ЕГР вентилот како печурка или автоматски  т.е еур2 или еур3 ти е колата ?

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #6 на: 16 Мај 2016, 13:46:42 pm »
НиколаГ

Мостои можност за блокада на ЕГР вентилот, на ибеј има еден продавач од Полска мислам продава за скоро сите коли со инструкции каде да се постават....али небитно, битно е зошто всушност така прави колата. ЕГР се полни со гареж меѓутоа далеку од тоа за такви проблеми ...

Сеа малку психолошки, не треба да се нервираш околу колата и тоа дали си купил „лимун“ или не, реалноста е дека при половна кола од увоз секогаш е поголема веројатноста дека ќе се заебеш. Не постои такво нешто како „сигурна“ кола. Постои само, одржувана и неодржувана кола. Бреднот е неважен.

Околу твоето патешествие со мајстори ... Можам да ти препорачам соодветен мајстор кој што специјалност му се Опели. Точно, знае да биде поскап како што е искуството со него на некои од нас, меѓутоа човекот е експерт за решавање проблеми кои инаку другите „мајстори“ би ти создале дополнителни на веќе постоечкиот ... Како и за други професии во животот така и за твојата кола е потребен добар мајстор зошто едно без друго не оди. Човекот се вика Марјан попознат како Маршер, неговиот број е 070/311-163

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #7 на: 16 Мај 2016, 14:13:35 pm »
nikola  пазисе со бош пумпата ако отиде таа отидоа едно 500-600 евра најмалце за оправки..иначе моторот е на ланче ако е истиот со мојата и гајле немаш . Колата сие екстра јас ја имав некој 2 ипол години само ц верзијата и немаше скоро никој проблем освен со бош пумпата и мењачот али мењачот беше аутоматик.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #8 на: 16 Мај 2016, 14:26:26 pm »
nikola  пазисе со бош пумпата ако отиде таа отидоа едно 500-600 евра најмалце за оправки..иначе моторот е на ланче ако е истиот со мојата и гајле немаш . Колата сие екстра јас ја имав некој 2 ипол години само ц верзијата и немаше скоро никој проблем освен со бош пумпата и мењачот али мењачот беше аутоматик.

Ти бе уште немаш частено што ја продаде вектрата а ? :D

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #9 на: 16 Мај 2016, 14:52:21 pm »
оффф да останеа пари од неа барем...:D

Отсутен NikolaG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Opel Vectra B 2.2 DTI, 2001, Redesign
« Одговори #10 на: 17 Мај 2016, 09:19:06 am »
Супер ти е колата брат уствари го возиш најдобриот мотор  2.2 дти на опел кој троши помалку и од 2.0 дти 2.0 ди а повеќе снага имаш со еден ремап оди до солидна коњажа .....Разликата мегу овие мотори е во турбината(варијабилна е кај тебе) и има подолг од на клиповите другото е се исто со 2.0 и сите делови одговараат..... Кај тебе каков е ЕГР вентилот како печурка или автоматски  т.е еур2 или еур3 ти е колата ?

Мислам дека е еуро 3.

https://de.wikipedia.org/wiki/Opel_Vectra_B#Dieselmotoren

2.2 DTI   Y22DTR   2172 cm³   R4 16V   92 kW (125 PS)/4000   270/1500–2750   10,5 s   207 km/h   08/2000–02/2002   

Turbo mit LLK
Direkteinspritzung
VTG
Euro 3

НиколаГ

Мостои можност за блокада на ЕГР вентилот, на ибеј има еден продавач од Полска мислам продава за скоро сите коли со инструкции каде да се постават....али небитно, битно е зошто всушност така прави колата. ЕГР се полни со гареж меѓутоа далеку од тоа за такви проблеми ...

Сеа малку психолошки, не треба да се нервираш околу колата и тоа дали си купил „лимун“ или не, реалноста е дека при половна кола од увоз секогаш е поголема веројатноста дека ќе се заебеш. Не постои такво нешто како „сигурна“ кола. Постои само, одржувана и неодржувана кола. Бреднот е неважен.

Околу твоето патешествие со мајстори ... Можам да ти препорачам соодветен мајстор кој што специјалност му се Опели. Точно, знае да биде поскап како што е искуството со него на некои од нас, меѓутоа човекот е експерт за решавање проблеми кои инаку другите „мајстори“ би ти создале дополнителни на веќе постоечкиот ... Како и за други професии во животот така и за твојата кола е потребен добар мајстор зошто едно без друго не оди. Човекот се вика Марјан попознат како Маршер, неговиот број е 070/311-163

Ги поминав тие процеси на нервирање, сеа сум решен да си ја чувам :D Ипак ми е прва кола купена со мои пари, а сентиментално се поврзувам со колите (на пример не му давам на татко ми Рејсерот да го продава, некој ден планирам да го средам цел, премногу спомени иам со него за да отиде така). Фала на препорака.

nikola  пазисе со бош пумпата ако отиде таа отидоа едно 500-600 евра најмалце за оправки..иначе моторот е на ланче ако е истиот со мојата и гајле немаш . Колата сие екстра јас ја имав некој 2 ипол години само ц верзијата и немаше скоро никој проблем освен со бош пумпата и мењачот али мењачот беше аутоматик.

Тоа беше проблемот кога ја купив, што со отидена бош пумпа ја добив (ЕГР вентилот помала секирација ми беше). Имав проблеми со палење, нафтата цело време се враќаше, ќе запалеше и после 5 секунди гасеше, па мораше со пумпицата што беше прикачена на куќиштето за филтерот за нафтата да се пумпа додека некој вергла. После тоа ако беше невозена повеќе од 9-12 саати, пак ке мораше да се пумпа. Глупава работа. Тој што го спомнав во првиот пост Мишко од Лисиче ми ја опраи, 500 евра ми зема со се затворање на дупките кај што течело масло. Тоа беше август минатата година, засеа не ми се појави пак истиот проблем.

Инаку добив мејл од некој Боби што прочитал за ЕГР вентилов овде, ми се понуди дека знаел како да се опраи, па планирам и со него да се чујам, да ги видам сите опции кој што може да направи.
« Последно менување: 17 Мај 2016, 09:46:06 am NikolaG »