Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

<< < (9/51) > >>

karajann:

--- Цитат: Винер Осигурување на 22 Ноември 2016, 13:57:08 pm ---Во случаите каде има поделена одговорност, во случајов 50/50, ќе се исплати половина од проценетата сума, од која дополнително ќе се одземе амортизираната вредност на деловите кој подлежат на амортизација.

--- Крај на цитатот ---
Кои се тие делови кои подлежат на амортизација?
Дали се тоа браници, крила и сл., ако се такви делови баш ме интересира како се амортизираат?


--- Цитат: kalimero на 28 Декември 2016, 21:16:11 pm ---
--- Цитат: Drive-r на 28 Декември 2016, 16:44:36 pm ---Teбе ни 50% не те исплатиле.

--- Крај на цитатот ---

Drugar, onaka odokativno kolku trebalo da se plati spored tebe za shtetava?

Zemi vo predvid godishte na voziloto i podelenata odgovornost.
Kolku za info pogolema shteta od ovaa ja sanirav za 380 evra.

Inaku u Winner rabotam i utre ako mi tekne ke proverm shto kako i zoshto bilo tolku isplateno.

--- Крај на цитатот ---

Зошто при плаќање на авто одговорност, не се зима во предвид годината на возилото?
Досега на сите возила од прва регистрација, до последна што сум ја платил основицата е иста минус попустот за ненаправена сообраќајка.
Дали сервисерите ја зимат во предвид годината на произвотство или цената на деловите?

LosiPatista:
Во некои земји се зема староста (вредноста) на возилото во основицата. Кај нас и оној што има пезетка од 75та и нов Пасат тси, плаќаат исто регистрација, што не е во ред.

Винер Осигурување:

--- Цитат: Alfista на 28 Декември 2016, 16:27:55 pm ---
--- Цитат: Drive-r на 28 Декември 2016, 15:50:13 pm ---
--- Цитат: Alfista на 18 Ноември 2016, 16:03:00 pm ---Дали при исплата на штета каде што вината е 50/50 , и се работи за возило од 1998 година,
ми рекоа од Осигурителната компанија дека ќе ми биде исплатена 50% од штетата,  па ме интересира:

Дали деловите ќе се рачунаат 50% од нови или од половни делови?
Дали може колата да ми ја офарба некој фарбар за 50% од цената?



--- Крај на цитатот ---

Контактирај со адвокат т.е. со Банзаи пред да идеш кај нив, и пиши на крај што ќе излезе.



--- Крај на цитатот ---
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И,... исплатија 400 Евра, пари со кои не можеш само да ја офарбаш колата, кај се деловите, влечење...

Со други зборови: сите осигурителни компании, нудат ова она, а кога ќе дојде време да исплатат
се ќе измислат само да не дадат пари.

--- Крај на цитатот ---
Почитувани, откако се консултиравме со одделот за штети, утврдивме дека за ова возило со овој регистарски број, нема регистрирано штета во нашата компанија.
Па поради тоа не би можеле да ги коментираме оштетувањата, начинот на решавање на штетата и износот кој ви бил исплатен.

Ви благодарам
Поздрав
Винер Осигурување


--- Цитат: Drive-r на 28 Декември 2016, 16:44:36 pm ---Teбе ни 50% не те исплатиле.

--- Крај на цитатот ---

За да може да се даде ваква констатација, потребно е да се знаат оштетувањата од штетниот настан, дали имало претходни оштетувања, староста на возилото итн. итн...
Многу неблагодарно е да се дава мислење без да се знаат сите податоци околу штетниот настан.
Кажавме и претходно, за ова возило во Винер осигурување не е регистриран штетен настан ниту како причинител ниту како оштетен, затоа би се оградиле од понатамошни кометари околу штетата на ова возило.


--- Цитат: Drive-r на 28 Декември 2016, 23:47:40 pm ---Нема годиште за каросерија.

Ако браникот е пукнат се рачуна нов пр. браник 500е, фарбање + 200е = 700е вкупно
Треба да му исплатат 350евра ако треба да биде 50%


Така?

--- Крај на цитатот ---

Почитувани, пластичните делови од каросеријата не подлежат на амортизација, и доколку истите се за замена се плаќаат на нивната полна вреднот.
Каросериските делови (лимаријата) за возила до 4 години старост немаат никаква амортизација, после тоа за секоја наредна година се смета 10% амортизација.
Цената на браникот зависи од моделот на возилото, од колку дела е составен истиот, дали со или без лајсни итн итн, и тој може да се движи од ~15.000,00 денари па нагоре, фарбање на браник е од 50 до 70 евра во зависност од сервисот, 200 евра е висока сума доколку станува збор само за фарбање на браник. Во самата пресметка се сметаат и работни часови за поправка/замена на оштетениот дел, итн. итн...


--- Цитат: karajann на 29 Декември 2016, 01:17:04 am ---
--- Цитат: Винер Осигурување на 22 Ноември 2016, 13:57:08 pm ---Во случаите каде има поделена одговорност, во случајов 50/50, ќе се исплати половина од проценетата сума, од која дополнително ќе се одземе амортизираната вредност на деловите кој подлежат на амортизација.

--- Крај на цитатот ---
Кои се тие делови кои подлежат на амортизација?
Дали се тоа браници, крила и сл., ако се такви делови баш ме интересира како се амортизираат?


--- Цитат: kalimero на 28 Декември 2016, 21:16:11 pm ---
--- Цитат: Drive-r на 28 Декември 2016, 16:44:36 pm ---Teбе ни 50% не те исплатиле.

--- Крај на цитатот ---

Drugar, onaka odokativno kolku trebalo da se plati spored tebe za shtetava?

Zemi vo predvid godishte na voziloto i podelenata odgovornost.
Kolku za info pogolema shteta od ovaa ja sanirav za 380 evra.

Inaku u Winner rabotam i utre ako mi tekne ke proverm shto kako i zoshto bilo tolku isplateno.

--- Крај на цитатот ---

Зошто при плаќање на авто одговорност, не се зима во предвид годината на возилото?
Досега на сите возила од прва регистрација, до последна што сум ја платил основицата е иста минус попустот за ненаправена сообраќајка.
Дали сервисерите ја зимат во предвид годината на произвотство или цената на деловите?


--- Крај на цитатот ---

Браниците и пластичните каросериски делови не подлежат на амортизација, остатокот подлежи на амортизација.
До 4 години старост нема никаква амортизација, после тоа секоја наредна година се додава 10%, за возила над 14 години старост се смета дека вредноста на истите е 10% од новонабавната вредност.

Начинот и висината на Автоодговорноста е регулирана од страна на Националното Биро за осигурување.


--- Цитат: LosiPatista на 29 Декември 2016, 08:29:27 am ---Во некои земји се зема староста (вредноста) на возилото во основицата. Кај нас и оној што има пезетка од 75та и нов Пасат тси, плаќаат исто регистрација, што не е во ред.

--- Крај на цитатот ---

Цената на Автоодговорноста на патничките возила се одредува според моќноста на возилата, а не според староста на истите.
Но тоа не е нешто за к ое одлучуваат осигурителните компании, за тоа одлучува Националното биро за осигурување.

Alfista:
Ок, ова возило беше осигурано во Осигурување Македонија, а истите се членови
на Виена Иншуранс груп.
Со исплата на штета од 400 Евра, некој нека ми каже еве без обзир на староста
колку чини:
-извлекување на рогови
-хауба (половна)
-2 крила (половни)
-украсна маска(како разбрав- за пластики нема попуст)
-украсни пластики на браник(како разбрав- за пластики нема попуст)
-украсни пластики под браник(како разбрав- за пластики нема попуст)
- лепење на браник(како разбрав- за пластики нема попуст)
-фланша од мењач излезе при сударот и истече цело масло (тоа не го признаваат, а фланшата нема сама да се врати во мењач и маслото нема никој да го даде поклон.)

 И на крајот колку чини да се префаба цела предница.

Да бидам искрен: повеќе од 30 години плаќам осигурување за 1-2 возила годишно
износот е минимум 8000 денари, и при една штета за која беше договорено 50:50 вина
добив мочани 400 Евра,


Drive-r:
Винер Осигурување ете така искажете малку професионалност и бидете реални.

Тука на форумот имате свој дел и треба да си ја искажете вашата професионалност а не дојдете кај нас ќе ви кажеме...

Прашање:
Пр. чукнато е возило во крило кое е старо 14 год. се прави европски и корисникот си го носи во овластен да се поправи.

По правило мислам дека иде ново крило, припрема и фарбање.

Како ќе ја рачунате амортизерацијата тука или во целост ќе си исплатите?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија