Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

<< < (7/51) > >>

Tischläufer:
Супер, фала Жиле.

Alfista:
Дали при исплата на штета каде што вината е 50/50 , и се работи за возило од 1998 година,
ми рекоа од Осигурителната компанија дека ќе ми биде исплатена 50% од штетата,  па ме интересира:

Дали деловите ќе се рачунаат 50% од нови или од половни делови?
Дали може колата да ми ја офарба некој фарбар за 50% од цената?




koce1102:
Зошто не сакате да дадете писмено известување за износ кои треба да се исплати ???
Зошто еднаш признавате 30% , потоа 40% ...итн Посојано различно.
Зошто не сакате да дадете документ во кој пишува колку посто % признавате ??? и зошто е тоа така ?

Винер Осигурување:
Најпрво да Ви се извиниме, бидеќи малку доцниме со одгвоорите на вашите прашања.


--- Цитат: Џонтра на 18 Ноември 2016, 13:52:42 pm ---Винер, дали постои полиса да ги осигурам потисната и ламелата од жена ми?
Пошто она колку што ги троши за да излезе од паркинг јас толку за година дена не трошам :)

Сериозно прашање: сега сум осигуран во Еуроинс и го уживам најголемиот попуст. Дали ќе ми се префрли попустот ако се префрлам во Винер?
Кога ги регистрирав службените возила таму прашав, ама не се сеќавам што ми рекоа.

благодарам.

--- Крај на цитатот ---

При менување на осигурителната компанија, не се губи попустот од претходните години. За бонусите или пак малусите не одлучуваат компаниите, туку Националното биро за осигурување.


--- Цитат: Alfista на 18 Ноември 2016, 16:03:00 pm ---Дали при исплата на штета каде што вината е 50/50 , и се работи за возило од 1998 година,
ми рекоа од Осигурителната компанија дека ќе ми биде исплатена 50% од штетата,  па ме интересира:

Дали деловите ќе се рачунаат 50% од нови или од половни делови?
Дали може колата да ми ја офарба некој фарбар за 50% од цената?


--- Крај на цитатот ---

Почитувани

Во случаите каде има поделена одговорност, во случајов 50/50, ќе се исплати половина од проценетата сума, од која дополнително ќе се одземе амортизираната вредност на деловите кој подлежат на амортизација.

Во секој случај, прашањето е прилично општо, а се работи за комплексна проблематика, и не би сакале да Ве наведеме во погрешна насока или пак да Ви дадеме погрешен одговор.
Доколку сте во можност, поминете во нашите канцеларии на бул.Борис Трајковски бр.62 и колегите од секторот штети детално ќе Ви објаснат како се постапува во конкретниот случај.


--- Цитат: koce1102 на 18 Ноември 2016, 19:15:57 pm ---Зошто не сакате да дадете писмено известување за износ кои треба да се исплати ???
Зошто еднаш признавате 30% , потоа 40% ...итн Посојано различно.
Зошто не сакате да дадете документ во кој пишува колку посто % признавате ??? и зошто е тоа така ?


--- Крај на цитатот ---

Почитувани, ќе Ве молам да не исконтактирате во ПП, да ни дадете податоци за вашата штета, и веднаш ќе се заложиме колегите да одговорат соодветно на вашето барање.

Ви благодарам

Drive-r:
Доста со тие финти го работите народот, дојди ти сам па ако може ќе ти го на*укаме, така.

Значи ти пишаа ситуација, не сакате реалноста да ја кажете, секогаш ќе пробате да изманипулирате со најмала исплата или нешто да барате да не исплатите.


Да бевте саглам компанија ќе објасневте конкретно во таа ситуација што правите.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија