Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

<< < (50/51) > >>

Спенсер:
Тоа се вика тактика, стратегија. Ако помине, помине. По автоматизам те одбиваат првиот пат, да се гњавиш со второстепени и дополнителни срања.  Треба да има закон ако на второстепена се исплати штетата, да биде +30% пример. Кој ги ебе бе осигурителните, милијарди профит праат, треба да се стегнат малце со закни. :D 

kalimero:
Сите сте во право, се согласувам, мене како вработен во осигурителна компанија ужасно ми смета што некој уште пред да дојде он доаѓа со муабетот лопови вакви такви, значи влага и почнува да се кара без притоа да ти објасни зошто дошол или било каков документ да даде.

Верувајте и тоа како се работи на подобрување на квалитетот на услугите, комуникација и слушање на потребите на клиентите, па на крај краева затоа е и оваа тема. (Колегата е на одмор што пишува од официјалниот профил ама редовно чита)

Инаку се слагам со @Спенсер не 30%, дупло нека им платат ама ако се во право а не дека компаниите имаат незнам колку пари... АМА исто и на сите што сакаат да направат било каква далавера да ги одбијат и кривично да ги гонат, така би било фер.

Па видете само на форумов колку пати имаат пишано примери каде реално не се исправни односно не им следува обештетување ама ајде бе, пиши дека возел некој друг зш јас имам забрана, или денес во друга тема има пишано осигурај скршено стакло па ќе го смениш после преку осигурањето, член на форумов дојде да пријави штета на две коли мачкани со мрсни бои за да земе бедни 100 евра за фарбање браник...  и се тоа е ОК нели, никој не реагира на тоа дека нетреба така итн итн ...

Погоре два пати плаќа штета компанијата и пак нечини, пристапот дека сите осигурителни се вакви или онакви не е во ред, никој не ги осудува она што го пишав погоре кога некој забушава или кога на овој или оној начин зима пари кој нетреба да ги земе.

Според некој статистики 20% од исплатените штети се резултат на осигурителни измами овде кај нас, чисто да имате слика колку се поштени корисниците на осигурување во нашата држава.

Книга може да се напише, и поради ваквите страдаат и тие што ќе им паднат во очи на вработените па детално ги чешлаат сите штети.

Mikius:
На времето ме советуваа за југото да осигурам стакло и да ја скршам...
Поминаа неколку месеци и никако да соберам храброст за далаверата :)
Им текнало на двајца колеги (кога ѓаволот нема работа) да гаѓаат со каменчиња по верверичка...и ми доаѓаат како попарени, ќе ми купеле, ќе ми плателе...нормално, малку ги дупев, пошто не ми го знаеја планот :) ми ја олеснија работата.
Неколку години подоцна го купив Типото, и од што веќе бев махер за коли, не ги проверив метлиците. По 2 денаоткако го купив, на дожд убаво ја истружив шофершајбната и тоа у видно поле. Прво набавив нови брисачи (огин и пламен за Типото) и кога се спремав да барам ново стакло, ми се јавува претходниот сопственик, заборавил да ми каже дека стаклата се осигурани и да поминам за полисата (ако добро се сеќавам).
Повторно ме советуваа да ја ѕвекнам, бидејки имало шанси да не ја признаат штетата. На работа, вртевме сучевме, со колегите, со чеканче, со свекица, со камен, никако да ја скршиме :)
По неколку недели скокнав до ЗизиТоп, колата доле на паркингот у Беверли, на одење за накај дома гледам лежи шише од пиво кај брисачите, влегувам у кола и гледам рсната шофершајбната. Тооо мајсторе, кога сака, сака :)

Ебати криминалците ко мене ;D

Mikius:
Заборавив да кажам дека не се исплати да се осигураат стакла за промена на шофершајбна.
Или редовно ќе бидат осигурани во случај некој вандал да ги демолира или нешто слично, или без осигурување па ако затреба, ќе се купи шофершајбната.

kalimero:
Па штознам дали не се исплати, има луѓе што цело време осигураат стакла, дали е Фелиција или С класа он секако си ги осугура, навика или незнам како да ја кажам.
Мада сега на некој коли, еве Свифт ќе го земам за пример, нова шофершајбна е 61-62.000 ден, а да осигураш стакла е 3.900 ден, Нисан исто преку 60.000 им се стаклата, од друга страна има па и нови коли кој имаат нормална цена на стакла од околу 10-15.000 ден, збориме за оригинал, заменски има и за по 100 евра.
На крај секој со своја математика.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија