Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
MecheTo:
--- Цитат: dame на 29 Април 2022, 18:46:05 pm ---Според мене триглав и сава моментално ми се некако најпрофесионални
--- Крај на цитатот ---
Сава подружница Битола имаа хаварија од превара,над 200К €,здиплени пари од агентите,извршни решенија за муштериите кое си плаќале сосема коректно ама биле преварени.
Откриена шемата,со документација со се,на крајот испадна никому ништо,да не трпи фирмата на лоша репутација,интерно го реши проблемот...
3 тома можам да пишам,ама ниту има време,ниту имам желба...Во главно сите осигурителни се исти курац.
kalimero:
--- Цитат: smole на 29 Април 2022, 16:36:33 pm ---Здраво @Винер Осигурување
Бидејќи ова е еден начин на комуникација со клиентите, еве го моето искуство за да можат и остантите да го прочитаат.
1. Пред неколку години протекување на вода во недвижност, по увид на ваш проценител добив одговор: „штетата настанала како резултат на протекување и пропусти при изведба на фасадна столарија односно изведените фасадни отвори”. Сето ова би било смешно доколку не е трагично, бидејќи на тие ѕидови не постои ниту еден прозор или врата. " После на второстепена комисија се корегираше проценката на штета и штета беше исплатена.
2. Пред неколку месеци протекување на вода - проценителот на лице место се лигавеше и глумеше финоќа - ќе обештетиме, се е ок. Нормално, стигна писмо дека нема да се исплати штета поради глупав изговор кој не држи вода. Пак писмо до второстепена. На крај стигна обесштетување.
3. Пред неколку дена оштетување на фасада, прозори и ѕидови. Проценителката Моника - крајно дрска и безобразна зема влажно марамче и почнува да ја чисти пластиката на прозорите за да покаже дека рамките не трeба да се менуваат туку само прозорите (кои се пукнати). Ѕидовите биле за кречење до половина висина - тешка глупост - кај нејзе дома може и 1/3 од висината на ѕидот да бојадисува, кај мене не. Фасадата не требало да се фарба туку само да се исчисти ќе се платела чистачка.
Бидејќи очигледно проценителите ви се тотални идиоти, и после секоја штета треба челични нерви за да се докаже со вас дека штета имало и треба да се исплати, што впрочем вам како осигурителна компанија тоа ви е работа, повеќе ваш клиент нема да бидам ниту јас, ниту блиските, и како завршуваат полисите наши пари повеќе нема никогаш да добиете.
Осигурителна компанија зема пари за да осигура имот, а кога ќе има штета да ИСПЛАТИ осигурена сума, не да мудрува и да бара начини како нешто да не исплати. Овој концепт ви е повеќе од јасен, но сакам и остантите форумџии да го имаат предвид кога следен пат ќе дојдат на темава.
Ако ве интересира кој сум јас и што се е осигурано кај вас (до истекот на полисата и ни ден повеќе) слободно пишете ми во приватна порака и ќе ги добиете сите генералии, за да можете на безобразната проценителка Моника и на другиот лепотан проценител да им се заблагодарите за губењето на клиенти.
ПС Секој кој продава полиси од друга компанија слободно може да ми пише во пп за да ми продаде нови полиси.
--- Крај на цитатот ---
@smole иако знам дека после постов ќе бидам "нападнат" али морав да пишам, за дел од постот се согласувам во целост со тебе.
Ама исто така за дел од постот заклучив дека од три пријавени штети, две ти биле комплетно исплатени а последнава исто ќе ти биде исплатена или можеби веќе и таа ти е исплатена, и ти со многу незадоволен од тоа.
Искрено многу ми е жал за твоето незадоволство, секако имаш избор, има 11 осигурителни компании на пазарот па нели може да си бираш.
П.С. Слободно може да ми пишеш во ПП за која штета станува збор и лично ќе се заложам доколку се е во ред, штетата да се заврши во најкус можен рок и да преминеш во друга компанија.
Поздрав
Diesel:
Дали се прави увид во објектот и во овие детали пред да се склучи договорот за осигурување?
Ќе му биде исплатено, можда и тоа не е толку спорно. Ама, процесот дур дојдеш до пари е "мече да родиш".
smole:
--- Цитат: kalimero на 03 Мај 2022, 08:40:26 am ---@smole иако знам дека после постов ќе бидам "нападнат" али морав да пишам, за дел од постот се согласувам во целост со тебе.
Ама исто така за дел од постот заклучив дека од три пријавени штети, две ти биле комплетно исплатени а последнава исто ќе ти биде исплатена или можеби веќе и таа ти е исплатена, и ти со многу незадоволен од тоа.
Искрено многу ми е жал за твоето незадоволство, секако имаш избор, има 11 осигурителни компании на пазарот па нели може да си бираш.
П.С. Слободно може да ми пишеш во ПП за која штета станува збор и лично ќе се заложам доколку се е во ред, штетата да се заврши во најкус можен рок и да преминеш во друга компанија.
Поздрав
--- Крај на цитатот ---
Нема потреба да те напаѓам, јас го пишав моето искуство, ете и други ги кажаа нивните.
Да, за 2 штети сум исплатен, но тоа после нервози и писма, работи до кои сметам дека воопшто не треба да дојде во нормална постапка - може наједноставно од прва да се исплати штетата и готово. Доколку не бев исплатен целосно биди сигурен дека ќе се влечкавме по судови.
Последнава е тазе и не е исплатена ниту ќе биде додека не помине на второстепена, судејќи според глупостите напишани во записникот.
Ти благодарам на понудата за помош, но како што кажав мојата агентка е сосема ок и нема потреба од дополнителни интервенции, потребно е да вработите асални проценители.
Ipkisija Meskosa:
--- Цитат: kalimero на 03 Мај 2022, 08:40:26 am ---
Искрено многу ми е жал за твоето незадоволство, секако имаш избор, има 11 осигурителни компании на пазарот па нели може да си бираш.
Поздрав
--- Крај на цитатот ---
Тука лежи зајакот :)
Наместо да се работи на квалитет на услугите, се посочуваат други исти такви куротресини, пошто навикнати сме на умилкување додека да ја купиме услугата, отпосле оди бркај се ако немаш попаметна работа :)
Фамилијарно сите на Винер сме, да не се сфатиме погрешно дека нешто сум наострен кон Винер, за среќа не сме имале потреба да искористиме полиса... Немам предрасуди, плукам по сите ;D
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија