Барам увезен половен автомобил за буџет од околу 7000 евра и изборот останува помеѓу:
- Audi A3 Sportback 2005 2.0 TDI - 180000 км
- ризик јак мила душа ти е со моторов од оваа генерација и со бројот на километри, јас би барал 1.9тди и малку поново. одличен половњак, многу лош квалитет на инструменти(копчиња) во ентериерот. ако сакаш појше снага без никаков проблем ќе си убациш чип кој што би додал 30ина кс и 50 њм плус, иако за нормални секојдневни потреби сосема доволно снага има.
- Renault Megane 2009 1.5 dCi - 130000 км
- убаво количе, овие 1.5 дци ти се бог и батине кај рено, нешто како 1.9 тди кај ваг. малце мачка у вреќа со електроникиве кај рено, ама види прашај некој што поубаво ги знае.
- Seat Leon 2008 1.9 TDI - 150000 км
- ова некако ми е добитна комбинација, проверено моторче, фраерско количе, ентериерот малце просто делуе и има тврди пластики, ама не е страшно. Со овие километри имаш потенцијален скап редовен сервис (замаец). И овде можеш чип да си убациш ако сакаш повеќе снага.
Исто така, би те советувал да си почекаш од тука нешто ако улета, ептен ми е несигурна работава со увоз на дизелаш. Тешко дека ќе најдеш нешто од ова што го бараш со реални километри и во вистинска добра состојба.