Хахаха ни код бабе нема џабе !
Искрен да бидам морам да го пофалам - осеќам човечка потреба пред се што и самиот сум сервисер и многу добро ми се познати сите работи околу инсталирање на некој електронски уред, особено неговото прилагодување кон постоечкиот систем ! Е сега, фала Богу, Ате тука излезе „голем“ човек што познавајќи ја електрониката на Астрата, ми понуди повеќе решенија во зависност од ситуацијата на теренот
Имено, мислев во друга посебна тема да пишам, ама одговара и тука, пошто не само што не е ОТ, туку и подобро од поблиску ги опишува моментите при навидум едноставната работа - инсталација на Ксенон ... Е па ајде вака:
Поаѓајќи од фактот што овој дел ми е во стручниот домен, како и моето долгогодишно искуство во инсталирање, одржување и сервисирање на разна електронска опрема - на овој „блиц“ испит ќе паднев од повеќе причини. Првичната грешка беше во моето размислување да си набавам Ксенон преку ebay према моите скромни познавања и потреби, како и по сугестиите на поголемиот дел од колегите на carclub. Све ќе беше можда ОК, ако беше некое ауто од пред 2004, а и друг бренд, можда... Поентата ми е ете веќе си го набавил на непознато, а тој едноставно колку и да е супер за друго ауто - за твоето НЕ одговара :/ CAN BUS
Па, да - меѓудругото
Или имаш грешка на бордот, или не свети или трепка...! Сам можеш само да се сликаш, па да го продаваш китот, па ... Ееее, затоа овде имаш све на едно место, фала Богу и можеш да правиш разни комбинации за да си го задоволиш и нај истанчениот вкус
Немаше друго чаре, монтирав и Xenon Corrector и немој да мислите дека секогаш го решавате со тоа проблемот
По ХХХ комбинации, ја одбравме идеалната и сега ми е мирна душата
Ате, длабоко познавајќи ја проблематиката, се смешкаше и ме поеше со Јенкиевата Кола, додека размишљав што у ствари ќе се десеше ако сам си монтирав или му донесев мои ксенони и LED само за монтажа, претходно нарачани од НЕТ или купени кај, незнам, Неџо или Сефо, како што и планирав
Не е све така како што изгледа, секоја работа си има своја тежина и повлекува своја одговорност - затоа ДА ИМ ЈА ПРЕПУШТИМЕ РАБОТАТА НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ !!! Ате ... РЕСПЕКТ !!! Ќе дојдам сега и за карбон и за фолии и за озвучење и за антирадари и за козметика и за ... ЗА СВЕ !!!