Автор Тема: Проблем со стартување(палење) на Ford Fiesta 1.4 tdci  (Прочитано 1728 пати)

Отсутен loris

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Здраво на сите.

Имам проблем со старт на Ford Fiesta 1.4 tdci 2002 година.
Ситуацијата е следна ја возев колата со 40kmh во град и во еден момент изгуби снага и се запали сијаличката за батеријата(акумулаторот)
и потоа застанав за да видам што е проблемот ја изгасив колата и по тој момент не успеав никако да ја запалам.
Нареден чекор позови пријател и пробани се следните работи за да се стартува.
1. Кабли со друга кола
2. Проверка fuse box да не има некој прегорено
3. Проверка дали има гориво - колку и смешно да звучи
4. Променет сензор на радилица
5. На дијагностика на компјутер давала некои грешки точно кои немам инфо - не бев во можност јас да ја носам

Сега се сомневаат на алтернаторот или ECU (компјутерот).

Предходно значи немам забележано никакви чудни однесувања на колата, нов акумулатор - година дена стар,
направен сервис каиши, масло, филтри никаков проблем немав.
Колата ја возам преку една недела секој ден автопат градска.


Некој слична ситуација да имал, и идеја што би можело да биде проблем?
И го замолувам докторот од МИДА, да ми пише цена на дијагностика да се направи кај нив, па да организирам да ја шлепам до кај нив.

Фала на сите кои ќе учествуваат во дискусијата и среќни празници.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1 на: 31 Декември 2015, 10:27:46 am »
Алтернаторот и да е расипан колата ќе запали, расипан алтернатор = не полни акумулаторот. Или еку или довод на гориво проблем.

Отсутен loris

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Проблем со стартување(палење) на Ford Fiesta 1.4 tdci
« Одговори #2 на: 31 Декември 2015, 17:53:05 pm »
Tnx achtung
Ke im dadam nasoki da proverat dovod na gorivoto.