Првиот пат кога користев Мекбук подолго 2009та година го увидов ова.
Седам првиот ден цел си работам на Мекбукот. А сум заборавил дека воопшто не е во струја уклучен. И вечерта ми вика Лоу Батери дека е. И јас малку вознемирен трчам накај полначот, знаејќи дека кога виндоус ќе рече дека е Лоу батери имаш уште една до пет минути да го уштекаш пред да го дотроши тие 20%.
И гледам...
Преостанати 20% на Мекбукот, и естимејтед тајм 1:40 (саат и четириесет минути). Па, па, па, па... Машала, машала.
После кога го наполнив гледам 7:00 саати дека имам батерија. И тоа на мекбук кој беше 4 години стар со 4 години стара батерија. Ден денес рагоди одлично Мекот иако е ограничен веќе од староста.
Секоја чест. Што ти значи салам оперативен систем.